00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Превземање е-отпад


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Овој вид на отпади влагаат во категоријата на опасни отпади. Во категоријата спаѓаат: куќни апарати, ИТ опрема, опрема за осветлување, електронски играчки, флуоросцентни цевки и други. овие отпади содржат жива, олово, кадмиум, берилиум и други хемиски состави кои доколку не се складираат правилно, ја загадуваат животната средина и истите се опасни за неа и за луѓето бидејќи можат да доведат до заболувања на желудникот, предизвикува зрачење, пречки во развој, бубрезите, мозокот па дури и да предизвикаат канцер.

    Затоа ние како специјализирана фирма за превземање на овој вид на отпад нудиме професионална услуга од страна на обучени лица кои со специјализирани возила го превземаат овој вид на отпад и уредно се грижат за правилно складирање на истиот.
    Вршиме бесплатно превземање на електронски/ електричен отпад над 50 кг.
    Контакт за превземање ЕЕ отпад

    -мобилен 078440033
    -фиксен бр 022551068
    -веб адреса www.ekocentar97.mk
    -е-маил contact@ekocentar97.mk

    За сите информации во врска со законските регулативи за електронски и електричен отпад посетете го сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk
  • Availability:Contact
  • company profile

    Ekocentar 97

    • Company introduction:Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со рециклирање повеќе од 20 години. Основна дејност е откуп, селекција, преработка и транспорт на секундарни суровини, како необоени (железо и челик) и обоени метали (бакар, алуминиум, месинг, калај, олово, никел и сл.) Екоцентар 97 исто така се занимава и со откуп и рециклирање на стари автомобили, акумулатори, отпадни кабли, Екоцентар 97 презема електичен и електронски отпад, како и батерии, сé со цел правилно управување со отпадот и заштита на животната средина. Исто така, тимот на Екоцентар е обучен да демонтира, отстранува, транспортира и процесира нефункционални индустриски машини, челични конструкции, телекомуникациски уреди и инфраструктура. Компанијата поседува атестиран XRF Спектрометар уред за анализа на хемискиот состав на сите видови на легури. Освен за сопствени потреби, Екоцентар 97 го користи XRF спектрометарот за изготвување на анализи за потребите на своите коминтенти и соработници. Како резултат на иновативност и професионалност Екоцентар во последните години стана една од водечките фирми во својата дејност, не само во Македонија туку и во регионот. Екоцентар 97 работи по сите законски регулативи и ги поседува сите потребни дозволи за транспорт, складирање и третман на опасен и неопасен отпад. Мисијата на Екоцентар 97 е да ги намали штетните и опасни материјали во природата и да спречи понатамошно загадување со цел да се обезбеди поздрава и почиста животна средина.
    • Contact Person Name:Ekocentar 97
    • Address:ул.1632 бр.10/2 кај Кванташки пазар
    • Post Code:1040
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:022551248
    • Fax #:02 2551068
    • Year registered:1997
    • Total employees:35
    • Geo Location:Show



    022551248

    shopping assistance