Company introduction:ДДКом е основана на 13-ти април 2006 од тим на ИТ професионалци со преку 10 години искуство во ИТ бизнисот. Нашата главна дејност е продажба на хардвер преку ефикасно организирана мрежа од дистрибутери, мали и големи компании и крајни потрошувачи. Во соработка со речиси сите дистрибутери на ИТ опрема, на нашите потрошувачи секогаш им нудиме најголем избор на прозиводи по најдобри цени.
ДДКом располага и со сопствен сервис (ДДКом Repair Center) за поправка и надградба на компјутерска опрема, рециклирање на тонери, имплементација и одржување на компјутерски мрежи и секаков вид на техничка поддршка која Ви е потребна за беспрекорно функционирање на техлогојата од која сте секојдневно зависни Вие или Вашиот бизнис. Ви нудиме професионална поддршка на повик по пристапни цени.
Набргу после основањето ДДКом започна со нова дејност - хостинг услуги. ДДХост е меѓу првите хостинг компании во Македонија, која денес опслужува преку 500 задоволни корисници.
Како усовршување на секторот за продажба на хардвер креиравме и имплементиравме комплетен сервис за менаџирање на онлајн продажба. Со имплементацијата на ДДСтор.МК се доближуваме до нашата цел преку автоматизирано секојдневно ажурирање на цените, залихата и бројот на производите да бидеме отворени за Вас 24/7. Со презентирање на речиси сите моментално достапни производи на пазарот, Ви даваме комплетна слика на ИТ пазарот во Македонија и понуда на сите производи кои можете да ги набавите на едно место, по актуелни и редовно ажурирани цени. Нашиот тим може да Ви ги набави и најтешко достапните артикли на пазарот.
Визија : Нашата визија е да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да созададеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуиникациски технологии.
Мисија : Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни по