00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Машински глет малтер Кнауф MP 75


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Малтерите се фабрички подготвени и се испорачуваат во вреќи во прашкаста состојба. На градилиште машински се мешаат со вода и се нанесуваат на ѕидот или таванот, со што се постигнува голема брзина на работа. Модерната машинска техника овозможува беспрекорен и непрекинат тек на малтерисување и одлична компактност на површината. Лесната обработливост ги прави погодни и за големи и специфични површини. Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата. Се нанесува еднослојно, во хоризонтална насока, од горе кон долу. Саканата дебелина на малтер се постигнува со развлекување на материјалот со т.н. профилна летва. Потоа површината се извлекува со трапезна летва со што се добива рамна површина. Откако гипсениот малтер хемиски ќе се врзе со водата, површината лесно се навлажнува и се филца со кружни движења со сунѓереста папуча. Со тоа се врши фино распределување на малтерот. Конечно, пред да стврдне, малтерот се глетува со што се добива мазна површина, која по сушењето е спремна за молерисување. Целата постапка трае 3,5 до 4 часа. Времето помеѓу поединечните фази на работа зависи од условите: од подлогата, од температурата, проветреност на просторијата и сл.
  • Availability:In Stock
  • Seller:Presing
  • Place of Origin:Germany
  • company profile

    Presing

    • Company introduction:Продажба и монтажа на системи за сува грдба „ Кнауф “
    • Contact Person Name:Стефко Ѓоргиевски
    • Address:Новачки пат б.б.
    • Post Code:7000
    • City:Bitola , Macedonia
    • Cell Phone #:070/311-483
    • Telephone #:047/240-163
    • Fax #:047/240-163
    • Year registered:2003
    • Total employees:2
    • Geo Location:Show



    047240163

    shopping assistance