00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

HATELIT

HATELIT

Interested for the price?

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description: Полимерна мрежа за армирање на асфалт HATELIT на HUESKER, чија цел е спречување на појавата на пукнатини, и со тоа продолжување на работниот век на коловозот и намалување на трошоците за негово одржување.

    Стандард за армирање на асфалтни површини.

    HaTelit® мрежата за армирање на асфалт е долготрајно и исплатливо решение на HUЕSKER за рехабилитација на асфалтни површини.
    Флексибилноста и јакоста на мрежата за армирање не само што овозможуваат вградување над изгребани површини, туку исто така го продолжува векот на експлоатација на асфалтните површини дури и при високи оптоварувања.

    Битуменскиот обложен слој обезбедува оптимален спој помеѓу биаксиалната геомрежа за армирање и асфалтниот слој.
    Концентрацијата на напрегањата е намалена и рефлективнитенапукнувања активно се спречуваат.

    Особена предност е фактот што HaTelit® и асфалтот имаат слични коефициенти на термичка експанзија. Ова го сведува на минимум
    појавувањето на внатрешните напрегања, овозможувајќи хомогено интегрирање на геомрежата во асфалтниот слој. Извонредно тенкиот неткаен геотекстил во основата го олеснува положувањето, а различните широчини на ролните помагаат вградувањето да се одвива побрзо и трошоците за изведбата да се намалат.

    HaTelit® може да се гордее со долгата листа на проекти, докажувајќи го квалитетот на кој можете да се потпрете.

    ПРЕДНОСТИ
    • Рехабилитација на мали асфалтни
    површини
    • Брзо и економично вградување
    • Самолепливата битуменска лента
    спречува продирање на влага и
    мраз
    • Ролни со помали димензии за
    полесен транспорт
    • Флексибилен, отпорен материјал

    Брзо и долготрајно решение за рехабилитација на
    мали асфалтни површини
    HaTelit® BL се заснова на предностите на HaTelit® геомрежата и е посебно создаден производ за рехабилитација на мали асфалтни и
    бетонски коловозни површини. Вградената самолеплива битуменска лента овозможува брзо и едноставно обновување на асфалтот. Малите димензии на ролните го олеснуваат транспортот и овозможуваат рутинска употреба.

    HaTelit® C 40/17 во основа e геокомпозит кој се состои од геомрежа со високо јакосни полиестерски модули за армирање и ултра лесен неткаен геотекстил како основа.
    За да се постигне макималната врска помеѓу слоевите на асфалт, двете компоненти се пресвлечени со битуменски слој. Оваа исклучителна комбинација од два совршени материјали обезбедува целосна прилагодливост и распределување на напрегања на истегнување помеѓу слоевите на асфалтот.

    Со употребата на HaTelit® геомрежата за армирање на асфалт во голема мерка ја ограничуваат појавата на стрес во зоните над веќе постоечките пукнатини во основата. За возврат, ова долготрајно ја забавува појавата на пукнатини на новиот слој на асфалт: феномен познат како “рефлектирање на пукнатини“.



    Карактеристики

    Лесно вградување
    Висока отпорност на оштетувања при вградувањето
    Висока отпорност на температура
    Механички својства кои одговараат на својствата на асфалтот
    Долготрајни динамички оптоварувања
    Цврста врска помеѓу слоевите на асфлат кои се армираат


    Зошто да одберете HaTelit®?

    Поради долготрајноста на производот, асфалтините површини армирани со HaTelit® бараат далеку помалку трошоци за одржување во спореба со стандардната реконструкција на асфалтирани патишта.

    Повратните информации кои ги добиваме при употребата на HaTelit® на многу проекти при армаирање помеѓу два слоеви асфалт покажуваат дека лесното вградувањето е само една од предности: клиентите ја издвојуваат продолжената експлоатација на рехабилитираните (реконструираните) асфалтни површини и заедно со позитивните финансиски и еколошки придобивки претставуваат предност повеќе.

  • Seller:Ergoland
  • company profile

    Ergoland

    • Company introduction:Ерголанд е компанија која создава вредности во градежништвото. Материјалите кои ги застапуваме и услугите кои ги нудиме се со супериорен квалитет, а доказ за тоа се задоволните лица на нашите клиенти. Почнувајќи од самото основање на компанијата во 2005 година, континуирано работиме на унапредување на градежништвото во Македонија преку промовирање на современите технологии во нискоградбата во делот на геосинтетиците, изолациите и др. Како овластен дистрибутер на компанијата Huesker Synthetic GmbH, Ерголанд е дел од глобалните текови. Оваа светска водечка компанија, производител и иноватор во технологијата на геосинтетици, ни ја дадоа довербата и целокупната техничка поддршка. Она што е ново во Европа и светот, отсега е ново и во Македонија. Нашите клиенти знаат дека работејќи со ЕРГОЛАНД добиваат докажано решение.
    • Contact Person Name:Јован
    • Address:Костурски Херои 4 лок.7
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 3245650
    • Geo Location:Show
    Retail Price - VAT Included:Ask for price

    Fornit® Geogrid




    023245650

    shopping assistance