00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Сигурносни врати Arrikton Exclusive Line


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Сигурносни врати Arrikton Рачно изработени дизајни Exclusive Line

    Со вкус, знаење и примена на врвна технологија ги дизајнираме со уникатни дизајни сигурносните врати Arrikton.

    Дизајни кои одговараат на било кои архитектонски градби и се соодветни за било кој простор.

    Технички карактеристики:
    Основата на сигурносните врати е метална конструкција која се состои од: галванизиран лим со дебелина од 1mm, поврзан со три вертикални зајакнувања кој допринесуваат за зголемување на цврстината на крилото.
    Вградено сигурносно резе кое овозможува безбедно подотварање на вратата, вграден ветробран, брава со кодиран клуч која придвижува 7 клипа од предната страна, додека од задната страна се вградени 5 фиксни клипа. Бравата е дополнително заштитена со лим 1,5 mm.

    Бравата е производ на италијански производител Multi Lock.

    Каса:
    Се состои од 2 челични лима 1,5mm електростатски фарбани за да може да ги издржи сите климатски промени без никакви оштетувања.

    Ветробран:
    Поставен е на долниот дел од вратата и се спушта кога вратата е затворена. Служи за попречување од воздух и прашина.

    Шарки:
    Поставени се две челични шарки со клипови кои се потпираат на два лагера со посебни штрафови. Штрафовите се подесуваат нагоре и надоле, за беспрекорна функција на вратата.

    Окце:
    Спректра на видливост од 200°.

    Систем на сигурносна брава :
    Посебен придонес за безбедноста на Arrikton сигурносните врати, претставува вградувањето на сигурносните брави Multi-Lock.
    Се користат 3 типа Multi Lock брави
    1. Единечна брава со кодиран клуч и можност за промена на код
    2. Единечна брава со мал клуч со заштитен дел од надворешна страна
    3. Дупла брава со кодиран клуч и мал клуч

    Клипови:
    Се користат два модели
    1. Со 13 клипови на заклучување од кој 8 се подвижни и 5 фиксни
    2. Со 15 клипови на заклучување од кој 10 се подвижни и 5 фиксни

    Димензии
    90x205 cm, 95x205cm, 100x205cm
    90x210 cm, 95x210cm, 100x210cm
    90x215 cm, 95x215cm, 100x215cm

    ...и во секоја друга димензија согласно со вашиот простор.
  • Category:Doors
  • Availability:Contact
  • company profile

    Arrikton porta

    • Company introduction:Добро изведените работи и врвниот европски квалитет стануваат одлична препорака за нови клиенти. До денес, значајно проширување на продажната мрежа преку отворање на повеќе продажни салони, ширење на дистрибутерската мрежа, промоции и нови модели во континуитет. Испорака со наши возила и монтажа од страна на стручни екипи поради поефикасно опслужување на клиентите-далеку поквалитетно од ангажирање надворешни подизведувачи. Закажете деловна средба со нашите експерти. Дознајте ги предностите за деловна соработка со нашата компанија. Бидете и вие еден од многуте задоволни клиенти.
    • Contact Person Name:Марјана
    • Address:Бул. Кочо Рацин бр. 42
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:070/361241
    • Telephone #:02/2780366
    • Fax #:02/2780366
    • Geo Location:Show



    022780366

    shopping assistance