00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Годишна претплата 6 броја „Лице в лице“ (електронска верзија)


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Годишна претплата на електронска верзија на „Лице в лице“

    Оваа претплата опфаќа 6 броја, почнувајќи од 39-тиот;

    #СедиСиДома #ЧитајЛицевЛице

    Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини.
    Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна.
    На оваа платформа, списанието ќе биде понудено во онлајн верзија. Вие нарачувате, а ви стигнува на мејл електронска верзија на списанието.
    Со секоја ваква нарачка, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на единственото улично списание во земјава.
    На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.
    „Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

    Ви благодариме

    Осигурајте се дека сте дел од приказната на „Лице в лице“ и направете годишна претплата на електронското издание на единственото списание за одржлив развој во земјава.
    Ќе ги добивате содржините од „Лице в лице“ на вашата мејл адреса, а во исто време, ќе учествувате во создавање подобро општество со еднакви можности за сите.
  • Availability:Online
  • Place of Origin:Macedonia
  • company profile

    Лице в лице

    • Company introduction:„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, единствено во земјава. Излегува од септември 2012 година, и е меѓу пионерските социјални претпријатија во земјава. Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) е директно за продавачот, а останатата половина се гради систем за нивна поддршка (за печатење и за активности кои го подобруваат животот на ранливите групи кои се вклучени во продажбата). Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – одржлив развој, социјална економија, социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието. Списанието излегува еднаш на два месеци, на 64 страници во боја. Содржината на магазинот, во најголем дел, ја создава тим на волонтери, како и поддржувачи на мисијата на списанието. „Лице в лице“ е член и на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов.
    • Contact Person Name:Лице в лице
    • Address:Орце Николов 93/5
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 2466444
    • Geo Location:Show
    Retail Price - VAT Included:100 MKD

    Лице в лице, #39




    022466444

    shopping assistance