ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕОМЕХАНИЧКИ ИСПИТУВАЊА
|
- product description
- company profile
product description
Product Description:Одделението за геомеханички испитувања е опремено со современа лабораториска опрема по меѓународни стандарди. Истата е предводена од високо квалификуван, обучен кадар, кој континуирано вложува во надградба на стручните познавања посетувајќи едукативни обуки и вршење на едукации на вработените сè со цел успешно следење на современите технологии на пазарот, обезбедување на високо квалитетни резултати и исполнување на очекувањата на нашите клиенти. Нашите услуги вклучуваат: Определување содржина на вода, Определување волуменска тежина (метод на линеарни мерења,метод на потопување,метод на истиснување на течност), Определување волуменска тежина на цврсти честици(метод на пикнометар), Определување гранулометриски состав: (метод на сеење,метод на аерометрирање,комбинирана методa), Eдометриски опит, Триаксијален опит, Директно смолкнување, Водопропусливост, Атербергови граници, Едноаксијална јакост, Прокторов опит, Калифорниски индекс на носивост (CBR), Определување согорливи и органски материи, Определување карбонати во почва, Точкаста јакост на притисок. Сите испитувања се работат по MKTC EN стандарди и алтернативно EN стандарди за геомеханички испитувања. Контактирајте нè - ВРВНИОТ КВАЛИТЕТ на нашите услуги е загарантиран.
company profile
Geing Krebs und Kifer International
- Company introduction:ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл е компанија посветена на изработката на квалитетни решенија во Градежништвото. Наше поле на експертиза е изведување на истражни геотехнички работи и проектирање / ревизија / надзор од областа на: Геотехника, Геологија и хидрогеологија, Хидротехника, Енергетика, Патишта и Железници, Рударство, Заштита на животната средина, Геодезија, Градежни конструкции. Услугите кои ги нудиме се во склад со добиените лиценци за изготвување на урбанстички планови, проектирање, ревизија, надзор, изведба, подготовка на рударски проекти и подготовка на геолошка документација. Во склоп на компанијата постои ИАРМ акредитирана Лабораторија за геомеханички тестови која работи по МКС EN ISO 17025:2006. Основана во 1994 година, ГЕИНГ помина скоро две децении работејќи на некои од најкомплексните и најиновативни проекти во Македонија и пошироко. Компанијата со своите скоро 200 вработени стана инженерска ризница, призната и почитувана од истакнати инвеститори, агенции, банки, консултантски куќи. Нашите партнери особено ја ценат нашата политика за константното унапредување на квалитетот и знаењето. ГЕИНГ ги поседува следните меѓународни сертификати ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и BS 18001:2007.
- Contact Person Name:Лазаревска Ирена
- Address:ул. Борис Трајковски бр.111
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Cell Phone #:389 70 242 771
- Telephone #:389 2 3109-795
- Fax #:389 2 3109-795
- Year registered:1994
- Total employees:230
- Geo Location:Show
| | | |