00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Семеен пакет - осигурување за целото семејство


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Зошто да купите семеен пакет?
    Убедени сме дека најголемата вредност на овој пакет е тоа што тој нуди осигурување на:

    вашата инвестиција во домот и во подвижниот имот ако тие се оштетат од некои од опфатените ризици;
    вашата одговорност кон трети лица, доколку со својот осигурен имот направите штета кон нив;
    каско-осигурување на моторните возила;
    непланираните трошоци што може да произлезат од последиците од незгода на некој од членовите на семејството.
    Попусти
    Ова е економична полиса за куќата, станот, викендичката, автомобилот и за членовите на семејството со максимални попусти.

    Во зависност од тоа дали ќе одберете два или три вида осигурување во комбинација, покрај многуте попусти по видовите поединечно, добивате екстрапопусти за пакетот на осигурување:

    за 2 вида осигурување – 10% попуст на вкупната премија;
    за 3 вида осигурување – 12,5% попуст на вкупната премија.
    Плаќање на премија
    Премијата може да ја платите во готово и да добиете 5% попуст. Или, да одберете плаќање на рати, и тоа на максимум 12 рати, без камата.

  • company profile

    Insurance Macedonia

    • Company introduction:Акционерско друштво за осигурување и реосигурување Кјуби Македонија, Скопје - Филијала Кјуби стапи на пазарот во Македонија во 2000 год. кога стана мнозински акционер во осигурителната компанија АДОР “Македонија”-Скопје. Кјуби Македонија е водечки осигурувач во земјата и ја извршува дејноста преку својата Генерална дирекција во Скопје и повеќе експозитури низ целата територија во земјата. Нашата компанија е ефикасна, фокусирана и финансиски стабилна компанија со големо познавање на домашниот пазар и со посветеност кон развивање на производите и иновации на услугите. Компанијата обезбедува широк спектар на врвни решенија за осигурување и реосигурување насочени кон задоволување на потребите на деловните субјекти, големи корпорации, мали и средни претпријатија како и осигурувања за физички лица и домаќинства. Нашиот тим е ангажиран за развој на имотните осигурувања, осигурување на последици од незгода, патничко осигурување, како и потрадоционалниот дел на осигурување моторни возила. Посебно се актуелни нашите деловни пакети и пакетот за семејства. Посветени сме на ефикасно и проактивно работење со нашите агенти, брокери и другите партнери во процесот на осигурување, обезбедувајќи распространета мрежа и достапност на нашите производи до крајните корисници. Преку постојан развој на производите и обезбедување на финансиски супериорна и квалитетна услуга при штетен настан остануваме Ваш прв избор за осигурување.
    • Contact Person Name:Снежана Комненовиќ
    • Address:11-ти Октомври 25
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:023115188
    • Fax #:023137154
    • Geo Location:Show



    023115188

    shopping assistance