00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

WORK & STUDY CANADA

WORK & STUDY CANADA

Interested for the price?

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Work and Travel Canada е програма за културна размена на млади луѓе со солидни познавања од англискиот јазик . Програмата им овозмозможува на учесниците да престојуваат вкупно 6 месеци во Канада-првите 6 недели посетување на јазичен курс, а останатото време од престојот платена работна пракса. Step UP to Work n’ Study –Hospitality e називот на оваа академска програма со практичен дел (платен internship) којашто претставува можност за поврзување на класичната настава со соодветно работно искуство. English Bay College се наоѓа во центарот на Ванкувер,во непосредна близина на познатиот историски град Gastown и популарната Robson Street којашто изобилува со продавници и ресторани. English Bay College својата репутација ја има изградено врз основа на богатиот избор на образовни програми со висок квалитет на настава. Наставата се изведува на 11 нивоа според познавањата од англиски јазик,во групи од најмногу 15 учесници со што се осигурува ефективно учење. Програмата почнува со 6 недели интензивен курс по Англиски јазик (настава : понеделник –петок; 9:00-17:00 h) којашто се изведува на следниов начин : -180 часа reading,writing,understanding,converstaion -60 часа практична примена на наученото низ работилници,тимска работа,конкретна примена на вокабулар од угостителската индустрија. Наставата продолжува со вечерни предавања во текот на работниот период,секој работен ден по 2 часа,вкупно 160 часа. Работниот дел се одвива во туристички центри во Канада. Работните позиции се многубројни и зависат од претходното искуство и интересот на учесниците како и од потребите на работодавачите. Работната седмица се состои од 30 -40 работни часа (платата се движи од 5 до 12 канадски долари на час). По завршувањето на програмата,учесниците се стекнуваат со: -сертификат од English Bay College -транскрипт на оцени и целосен опис на залагањата и успесите коишто ги постигнал студентот во текот на програмата. -препораки од работодавачите и туристичките центри во коишто се изведува практичниот дел на програмата. Во цената е вклучено: -6 недели интензивен курс по англиски јазик -вечерни часови во текот на работниот дел од програмата -наоѓање на работа Во цената не е вклучено : -сместување -виза -авионски билет -и други лични трошкови СМЕСТУВАЊЕ : За време на наставата во Ванкувер,на учесниците им се нуди можност за сместување во канадски семејства,во еднокреветни соби(полн пансион). На овој начин,на учениците им се овозможува во целост да да се запознаат со канадскиот начин на живот и култура. Напомена : -програмата почнува секој понеделни во текот на целата година -Неопходно е пријавување најмалку 12 недели пред посакуваниот датум на заминување -Освен програмата за 6 месеци, понудена е и програма за 12 месеци(12 недели курс, останатото време работна пракса) -платата се движи од 5 до 12 канадски долари и е по договор со работодавачите, како и работното време од 30-40 часа неделно. -Работодавачите можат да платат и повеќе од загарантираната најниска плата -На работните позиции кадешто учесниците имаат контакт со гостите постои можност за добивање на бакшиш -Работодавачите се должни на учесниците да им обезбедат сместување и храна -Работодавачите ја наплаќаат услугата за сместување и храна (300-500 канадски долари месечно) -Учесниците во програмата се третирани исто како и останатите вработени во туристичкиот центар, со исти права и должности.
  • Availability:Contact
  • Seller:Context
  • company profile

    Context

    • Contact Person Name:Александра
    • Address:бул.Св.Климент Охридски 23
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:023223579
    • Fax #:023223579
    • Geo Location:Show



    023223579

    shopping assistance