00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Рефлексотерапија

Рефлексотерапија

Цената е со вклучен ДДВ
800 MKD

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Рефлексотерапијата е облик на масажа, каде што со притискање и масирање на рефлексните зони на стапалата и дланките, влијаеме на опуштањето/релаксацијата и рамнотежата на целиот организам. Рефлексотерапијата е енергетска масажа, која што темели на сознанието, дека секој дел од телото се рефлектира на точно одредена точка на стапалата и со притискање на тие рефлексни точки овозможува опуштање и урамнотежување на целото тело. Нашите стапала се одраз на нас самите и нашата внатрешна состојба. Како двоножни суштества со стапалата сме во контакт со земјата и нејзината енергија, и како дрво со своите корења, разменуваме енергија со земјата. За непречен проток на енергијата потребен е добар контакт со подлогата, за што се неопходни здрави и негувани стапала. Животната енергија-Qi, непрекинато се движи низ каналите, наречени меридијани, кои пак завршуваат во или околу рефлексните зони на стапалата и дланките. Кога протокот на енергија е непречен, ние сме здрави, кога пак е блокиран заради напнатост или застој, ние се разболуваме. Со рефлексната масажа на стапалата ние повторно ја враќаме рамнотежата во енергетскиот проток низ телото.
  • Availability:Contact
  • company profile

    Studio Alternativa

    • Company introduction:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Contact Person Name:Dejan
    • Address:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:078/429295
    • Telephone #:02/6150369
    • Geo Location:Show



    026150369

    shopping assistance