00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Nightstar plus 90 - 12 VOLT LIGHTS FOR CARS


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Nightstar plus 90 е следна фаза во развојот на нашите "+X%" линија на
    халогени сијалички за активни, сигурни возачи со хармонизирана светлина и
    дизајн. Излез на максимална светлина благодарение на оптимизиран дизајн
    на влакното, бела светлина низ сино прстенесто поле и атрактивен дизајн со
    сребрена капа (H4/H7) во спој со нов дизајн на пакување ја прави Nightstar
    plus 90 вистинска "ѕвезда помеѓу светилките".
    Атрактивното двојно пакување е идеално за закачување или позиционирање
    на полица како и точкестиот систем на класификација кој ги истакнува
    предностите на сијаличката (светлина, работен век).

    Предности:
    • До 90% повеќе светлина на патот
    за максимална безбедност
    • До 35 m подолг светлечки конус
    • Белата светлина не ги заморува
    Вашите очи, релаксирано возење
    • Оптимален дизајн со сребрена
    капа (H4/H7) и сино прстенесто
    поле
    • Атрактивен дизајн на
    пакувањето за дополнителна
    продажба на каса
  • Category:Auto Lights
  • Availability:Contact
  • company profile

    Wurth Macedonia

    • Company introduction:Оваа 2015 година по многу што е значајна за Würth, како во светот, така и во Македонија.Пред точно 70 години во Германија започнува со своето работење малата семејна фирма од само три вработени. Покрај основачот Адолф Вурт, вториот вработен е неговиот син, Рајнхолд Вурт. Оваа година проф. Рајнхолд Вурт го слави својот 80 роденден. Третиот јубилеј кој со особено задоволство и чест го споделуваме со Вас е 20 години од постоењето на Würth во Македонија. Во овие изминати седум децении, Würth станува се повеќе составен дел од работењето на професионалците во металната, дрвната и авто индустријата. Ние сме специјализирани во трговијата во сврзувачки и прицврстувачки материјали. Повеќе од 100.000 производи се предмет на нашите високи стандарди за квалитет. Завртки, додатоци, спојници, хемиски производи, производи за дрвната и градежната индустрија, алати, системи за складирање, како и производи за одржување во прехранбена индустрија. Нашата цел е едноставна: со индивидуални услуги, практични системски решенија и широк спектар на производи да ја направиме полесна работата на нашите купувачи. Во Македонија ние поддржуваме над 5.000 купувачи во трговијата, градежништвото и индустријата. И секој индивидуален клиент е во фокусот, ние ќе ги задоволиме со нашиот водечки принцип: секој клиент го има својот Wurth. Со прилагодени решенија и понуди за мал бизнис, сопственикот/работникот се фокусира главно на својата вистинска работа исто како и глобалните индустриски компании. Иновативните решенија постојано се развиваат во директна интеракција со нашите клиенти. Ние се потпираме на микс на директна продажба, продавници и е-бизнис. Околу 20 трговски претставници директно ги опслужуваат нашите клиенти на територијата на Македонија.
    • Contact Person Name:Продажба
    • Address:Борис Трајковски Бр.93(Првомајска)
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:00 389 (0) 2 2728080
    • Geo Location:Show



    022728080

    shopping assistance