Company introduction:Фирмата Агрофила - Штип располага со сопствен производствен капацитет за производство на автентично ладно цедено масло за јадење. Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла исклучително корисни за здравјето на луѓето. Маслото не содржи било какви конзерванси или адитиви и ќе им помогне на граѓаните да се вратат кон традиционалниот, природниот и здрав начин на исхрана и живот.