Goji Berry - seedlings and buyout
|
- product description
- company profile
product description
Product Description:Гоџи е жбунесто дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Во тие мали, но моќни плодови се крие тајната на долговечноста на луѓето од Тибет, од каде што потекнува. Го нарекуваат „волчја бобинка“, „среќна бобинка“, „црвен дијамант“, „лициј“ (Lycium barbarum). На Хималаите, со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Расте 1,5 до 2 m во височина и до 2 m во пречник. Цвета од шестиот до осмиот месец, а плодовите сукцесивно созреваат од деветиот до десетиот месец во годината. Плодовите се големи од 1 до 2 cm и се јадат свежи или сушени. Од гоџи се прават сокови, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите. На почетокот од овој век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето. Американските стручњаци го сметаат за овошје на векот! Во светот не постои толку силен додаток во исхраната против стареењето! Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale -Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), гоџи е супериорно прв! Да појасниме дека, колку што е позицијата повисока на ORAC скалата, толку повеќе храната има способност да ги уништува слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.
Availability:In Stock
Seller:Bioplant
company profile
Bioplant
- Company introduction:БИОПЛАНТ се занимава со увоз и дистрибуција на високо профитабилни растенија: пауловнија белисима и гоџи, произведени in vitro во институтот BIO TREE, во Бугарија. БИОПЛАНТ нуди технологија на плантажно одгледување на овие две високо профитабилни растенија, ќе дава стручна помош од специјалисти и нуди финансиска помош за купување садници и ќе врши откуп на производството. Основната дејност на нашиот партнер BIO TREE е развој на високоефикасни технологии за ин витро размножување на различни растителни видови, наменети за комерцијално плантажно одгледување. BIO TREE го има патентирано хибридот PAULOWNIA BELLISSIMA, кој е наменет за плантажно одгледување. Ова „дрво на иднината“ е отпорно на многу ниски и на многу високи температури. Вториот нивен важен производ е супериорното овошје GOJI BERRY, исто така прилагодено за нашето поднебје. Гоџи е едно од најважните растенија за човекот, мошне исплатливо за плантажно одгледување.
- Contact Person Name:Биоплант
- Address:Ул. 1520 бр. 6 (индустриска зона Пинтија)
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Cell Phone #:078357038, 078357039
- Telephone #:022783783
- Geo Location:Show