00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Перница гушкач


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Перница гушкач-Перница со стандардна форма, но со димензии кои овозможуваат повеќе намени како што се гушкање-позиционирање при спиење, употреба како фамилијарна перница (замена за 2 перници) за дупли кревет, поддршка за доење и позиционирање на бебе, поддршка при седење.

    Изработена од сецкана мемори пена, оваа перница растеретува од притисок и овозможува екстра стабилност и поддршка за вратот, грбот, колковите и колената – идеална за луѓе кои спијат на страна и бремени жени. Лесно се витка, оформува и адаптира за индивидуална поддршка и комфор. Големата должина и богатото полнење обезбедуваат поддршка на целото тело. Има 2 навлаки - една од памук со мемори пена и една плетена со Алое Вера за лесно одржување.

    Димензии: 150х40х15 см
  • Availability:In Stock
  • company profile

    Medicus Help (Medikus Help)

    • Company introduction:Основна програма во работењето на Медикус Хелп (Medikus Help) е програмата на ортопедските помагала. Важноста на ортопедските помагала во секојдневието на луѓето чиј живот ненадејно или постепено се изменил е огромна. Ортопедските помагала се помош во извршувањето на секојдневните обврски, овоможуваат движење, седење, надоместуваат физички недостаток, даваат шанса за поквалитетен живот. Тоа беше една од причините да започнеме со дејноста увоз и дистрибуција на ортопедски помагала. Определбата на Медикус Хелп (Medicus Help) е понудата на ортопедски помагала за македонскиот граѓанин да биде поразноврсна и поквалитетна. Нашата цел е да понудиме квалитетна и врвна услуга. Сакаме доколку постои болест, било привремена или трајна да ја олесниме со соодветно помагало, кое ќе значи подобро секојдневие. Желба ни е и да помогнеме во превенцијата од појава на деформитети кај младата популација. Увезуваме најквалитетни и најсовремени сертифицирани ортопедски помагала. Претставници сме на реномирани светски производители. Редовно ги посетуваме светските саеми, ги следиме новините и трендовите во светот на ортопедските помагала и постојано го зголемуваме нашиот асортиман. За да овозможиме полесна пристапност на ортопедските помагала ширум Македонија отворивме 10 специјализирани продавници. Константно работиме на усовршување на нашиот кадар преку едукации и курсеви кои ги организираат нашите добавувачи и нашиот стручен кадар. Имаме склучено и Договор со Фондот за здравствено осигурвање на Р.Македонија, што на осигурените лица им овозможува на поевтин и поедноставен начин да дојдат до потребното помагало. Задоволството на купувачот е нашиот најголем успех.
    • Contact Person Name:Радмила
    • Address:Качанички пат б.б., Визбегово
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:070260864
    • Telephone #:023220745
    • Fax #:023130015
    • Geo Location:Show
    follow this companycontact sellerall products
    Rating:
    4.7 of 5.0 (3 ratings total)




    023220745

    shopping assistance