00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Biolux Камин на пелети

Biolux Камин на пелети

Цената е со вклучен ДДВ
84.190 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:BIOlux е наменет за согорување на дрвени пелети со дијаметар 6mm и должина до 25mm во согласност со стандардот за произ- водство на пелети ONORM M7135.
    Производот е наменет за монтажа во самиот објект кој се загрева. Можност за монтажа на оџак со минимален дијаметар од 100mm. Димоводниот излез на каминот е 80mm.
    Енергијата која се добива од согорувањето, се пренесува преку греење на просторот на два начина:
    1. Моќност пренесена на радијаторите: 18,7kW 2. Моќност ослободена во просторот кај камионот: 1,3kW Во склоп на каминот се испорачуваат:
    циркулациона пумпа, екс-панзионен сад 10l, пресостат за вода и пресостат за воздух.
    Процесот на согорување е автоматски, а корисникот избира една од трите моќности на согорување. Потпалувањето е електрично. Можност за програмирање со помош на неделен термостат.

    Земја на производство:Србија
    5 години гаранција
  • Продавач:Јоки
  • Земја на потекло:Србија
  • Гаранција:5 години
  • профил на компанијата

    Јоки

    • Опис на компанијата:“JOKИ” e развојно ориентирана компанија, со широк асортиман на производи, основана во 1999 година во Скопје, која се занимава со трговија на големо и мало со сите видови на топловодно греење, соларна енергија, климатизација и водовод. Основен приоритет на компанијата е унапредување и подобрување на квалитетот на работењето и зголемување на одговорноста, што претставува клуч на нашиот успех и темел на нашиот раст и развој. Нашата компанија соработува со голем број на странски фирми и е директен/ексклузивен увозник на нивните производи. Во продолжение Ви претставуваме дел од нив: - “Viadrus” Чешка (производител на гусени котли на цврсто и течно гориво); - "WILO SE" Germany - еден од водечките производители на пумпи и пумпни системи за греење, ладење, климатизација, снабдување со вода и одвод на отпадна вода - “Radijator inženjering” Србија (производител на котли на цврсто гориво); - “FBC Majdanpek” Србија (производител на бакарни цевки); - “Airfel” Turkey (производител на панелни радијатори); - “Ekopan” Србија, (производител на електрични котли); - “Thermal trend” Czech Republic (фабрика за производство на елементи за затоплување на бањи); Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и странство, воспоставените коресподентски односи со своите клиенти, добро обучениот и професионален кадар, јасната визија и стратегија на менаџментот, се реална основа дека “JOKИ” ќе го задржи трендот на раст, квалитет и успешност во работењето.
    • Име на контакт лице:Бранкица
    • Адреса:ул.36 бр.2А
    • Поштенски број:1041
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022550118
    • Факс #:022550119
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    022550118

    корисничка поддршка