Опис на компанијата:“JOKИ” e развојно ориентирана компанија, со широк асортиман на производи, основана во 1999 година во Скопје, која се занимава со трговија на големо и мало со сите видови на топловодно греење, соларна енергија, климатизација и водовод. Основен приоритет на компанијата е унапредување и подобрување на квалитетот на работењето и зголемување на одговорноста, што претставува клуч на нашиот успех и темел на нашиот раст и развој.
Нашата компанија соработува со голем број на странски фирми и е директен/ексклузивен увозник на нивните производи. Во продолжение Ви претставуваме дел од нив:
- “Viadrus” Чешка (производител на гусени котли на цврсто и течно гориво);
- "WILO SE" Germany - еден од водечките производители на пумпи и пумпни системи за греење, ладење, климатизација, снабдување со вода и одвод на отпадна вода
- “Radijator inženjering” Србија (производител на котли на цврсто гориво);
- “FBC Majdanpek” Србија (производител на бакарни цевки);
- “Airfel” Turkey (производител на панелни радијатори);
- “Ekopan” Србија, (производител на електрични котли);
- “Thermal trend” Czech Republic (фабрика за производство на елементи за затоплување на бањи);
Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и странство, воспоставените коресподентски односи со своите клиенти, добро обучениот и професионален кадар, јасната визија и стратегија на менаџментот, се реална основа дека “JOKИ” ќе го задржи трендот на раст, квалитет и успешност во работењето.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје