00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Бебиситери Норвешка


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Имате меѓу 18 и 30 години, ги сакате децата, имате искуство во чувањето деца, одлично го знаете англискиот јазик, сакате да престојувате во семејство со различна култура во северниот дел на Европа?

    Ова е единствена можност за Вас да стекнете незаменливо животно искуство, да се запознаете со нова култура и јазик, а истовремено да ги видите природните убавини со кои изобилува Норвешка.

    Да бидете Au Pair-девојка во Норвешка значи да бидете член на некое норвешко семејство, да им помагате околу чувањето на децата и во извршувањето на секојдневните домашни обврски. Au Pair-девојката работи 5-6 часа дневно, 30 часа во неделата (со најмалку еден слободен ден во неделата, односно најмалку 2 дена во месецот). Обврските на Au Pair девојките се различни, а зависат од возраста на децата и потребите на родителите.

    За ова добивате паричен надомест од 3.000 NOK* месечно, посебна соба и храна.

    Препорачуваме да се пријавите на програмата неколку месеци пред датумот на кој би сакале да заминете, поради временскиот период потребен за обработка на Вашата апликација и добивање виза.

    Цената на комплетната услуга од наша страна изнесува 12 000 денари.

    За подетални информации околу оваа програма, како и за документите потребни за аплицирање, Ве молиме обратете се во нашата агенција.

    Норвешка Ве очекува. Побрзајте!
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Контекст
  • профил на компанијата

    Контекст




    023223579

    корисничка поддршка
    Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.


    Ги прифаќам ситеГи прифаќам неопходнитеПовеќе