00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Бебиситери Германија


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Ако сте личност која ги сака децата, а притоа сакате да патувате и да запознавате нови култури и обичаи, ова е шанса која не треба да ја пропуштите. Не постои подобар начин за усовршување на германскиот јазик од престојот во германско семејство. За учество во оваа програма треба: - да бидете на возраст меѓу 18-24 години; - да имате статус студент на некој од нашите универзитети (пожелно); - солидно да го знаете германскиот јазик; - да бидете во добра здравствена состојба; - да сте немажени/неженети; - да бидете комуникативни, совесни, одговорни и отворени за запознавање други култури; *поседувањето возачка дозвола (Б-категорија) не е задолжително, но е пожелно Вашите обврски како Au Pair-учесник : - помош при чувањето деца и при извршувањето на секојдневните домашни обврски; ангажирани сте околу 30 часа неделно (6 часа дневно - 5 дена во неделата, како и за чување на децата навечер 2-3 пати во неделата) ; - редовно посетување курс по германски јазик; - почитување и совесно извршување на договорените работни обврски; - пристојно однесување и облекување. Вашите права: - за извршените обврски добивате месечен надоместок во висина од 260€, своја соба и храна во избраното семејство ; - платен годишен одмор од 4 недели (за пократок престој во семејството – 2 дена месечно); - учество во разни активности организирани од локалната Au Pair агенција; - поддршка и помош од страна на нашата партнер – агенција за време на целиот престој. Препорачуваме да се пријавите на програмата неколку месеци пред датумот на кој би сакале да заминете, поради временскиот период потребен за обработка на Вашата апликација и добивање виза. Цената на комплетната услуга од наша страна изнесува 6.200 денари* За подетални информации околу оваа програма, како и за документите потребни за аплицирање, Ве молиме обратете се во нашата агенција. Побрзајте, Германија Ве очекува!
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Контекст
  • профил на компанијата

    Контекст

    • Име на контакт лице:Александра
    • Адреса:бул.Св.Климент Охридски 23
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023223579
    • Факс #:023223579
    • Локација на мапа:Прикажи



    023223579

    корисничка поддршка