00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Бебиситери Франција


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Ова е единствена можност да поминете 3-12 месеци во француско семејство, притоа грижејќи се за децата и дружејќи се со сите членови од семејството. Освен што ќе го подобрите нивото на францускиот јазик, имате можност и да патувате, да уживате во благодетите на француската култура, како и да се дружите со останатите учесници во оваа програма.

    За учество во програмата, потребно е да ги исполнувате следните услови:

    · да бидете девојка на возраст од 18-26 години;

    · одлично да го знаете францускиот јазик;

    · да бидете во добра здравствена состојба;

    · да имате искуство во чување деца;

    · да не сте казнувана (осудувана);

    · да бидете комуникативна, зрела, совесна и одговорна личност;

    · да бидете подготвена да живеете одвоено од Вашето семејство 3-12 месеци;

    · за прв пат да учествувате во програмата Au Pair-Франција.

    *иако не е задолжително, многу е пожелно да поседувате возачка дозвола (Б-категорија) и да бидете непушач.

    Како учесник во Au Pair програмата, имате обврски:

    · да помагате во чувањето на децата и во извршувањето на секојдневните домашни обврски; ангажирани сте околу 30 часа неделно (6 часа дневно - 5 дена во неделата, како и за чување на децата навечер 1-2 пати во неделата);

    · редовно да посетувате курс по француски јазик

    · да ги почитувате и совесно да ги извршувате договорените работни обврски

    · да се однесувате и облекувате пристојно

    и права:

    · за извршените обврски добивате неделен надоместок, своја соба и храна во избраното семејство;

    · курсот по француски јазик е кофинансиран од страна на семејството-домаќин (во износ од 16 € неделно)

    · платено здравствено осигурување

    · месечна карта за јавен превоз /користење на семејниот автомобил за посетување на курсот по француски јазик

    · учество во разни активности организирани од локалната Au Pair агенција;

    · поддршка и помош од страна на нашата партнер – агенција за време на целиот престој.

    Препорачуваме да се пријавите на програмата неколку месеци пред датумот на кој би сакале да заминете, поради временскиот период потребен за обработка на Вашата апликација и добивање виза.

    Цената на комплетната услуга од наша страна изнесува 100 € (за период од 9-12 месеци), 150 € (за период од 6-9 месеци), а за престој за време на летниот распуст (2-3 месеци), цената на програмата изнесува 200 € *

    За подетални информации околу оваа програма, како и за документите потребни за аплицирање, Ве молиме обратете се во нашата агенција.

    Побрзајте, Франција Ве очекува!
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Контекст
  • профил на компанијата

    Контекст

    • Име на контакт лице:Александра
    • Адреса:бул.Св.Климент Охридски 23
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023223579
    • Факс #:023223579
    • Локација на мапа:Прикажи



    023223579

    корисничка поддршка