Стручни стоматолошки консултации
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Стручни консултации за сите состојби и болести во устата, како и план на терапија и решавање на естетско -функционални проблеми.
Категорија:Стоматологија , Медицински услуги
Достапност:Контакт
Продавач:Никол дент
профил на компанијата
Никол дент
- Опис на компанијата:Стоматолошката ординација Никол - Дент е приватна ординација со 14 годишно работно постоење. Стоматолошкиот тим ги прати сите најсовремени новитети во областа на стоматологијата и е обучен да овозможи навремена, стручна и квалитетна услуга на сите свои пациенти. Грижата за Вашето орално здравје и за Вашата насмевка можете слободно да ни ја доверите. Ординацијата е со долгогодишно искуство и ги следи сите тековни трендови од областа на естетската стоматологија применувајќи најсовремени материјали и техники со кои ќе се извлече максимум и повторно ќе заблеска Вашата насмевка. Реконтурирање и естетско моделирање на Вашата насмевка со најсовремени материјали за реставрација со кои во една до две посети добивате сосема нов изглед . Ви овозможуваме да ги корегирате постоечките и надоместите изгубените заби со една од многуте протетски техники и материјали. ХОЛИВУДСКА НАСМЕВКА за која не е потребно стружење на забите и се изработуваат во 2 посети е техника која до скоро беше привилегија само на холивудските глумци и џет-сетерите. Ординацијата поседува лиценца за работа за оваа престижна и софистицирана техника. Сите видови на безметална керамика и метал - керамика Ви се достапни на избор. Сите типови на визил протези и акрилатни протези исто така. Во ординацијата се извршуваат и повеќето хируршки интервенции на меки ткива и заби. Болести од областа на меките ткива, темелно и навремено се дијагностицираат, а потоа добар дел од тие состојби и се третираат со помош на најсовремена мекоткивна ласер техника, електрофореза и јонофореза. За пациенти алергични на анестезии и за мали деца кои се плашат од игли, овозможуваме пломбирање со таканаречена ТЕНС метода, безболно без игла. Постојат уште цела палета дијагностички методи, постапки и пристапи со кои повекето Ваши грижи со оралното здравје би биле елиминирани.
- Име на контакт лице:Наташа
- Адреса:Мајка Тереза 5/4 (Водњанска)
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:075/415691
- Телефон #:023179870
- Локација на мапа:Прикажи