00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Никол дент

  • Опис на компанијата:Стоматолошката ординација Никол - Дент е приватна ординација со 14 годишно работно постоење. Стоматолошкиот тим ги прати сите најсовремени новитети во областа на стоматологијата и е обучен да овозможи навремена, стручна и квалитетна услуга на сите свои пациенти. Грижата за Вашето орално здравје и за Вашата насмевка можете слободно да ни ја доверите. Ординацијата е со долгогодишно искуство и ги следи сите тековни трендови од областа на естетската стоматологија применувајќи најсовремени материјали и техники со кои ќе се извлече максимум и повторно ќе заблеска Вашата насмевка. Реконтурирање и естетско моделирање на Вашата насмевка со најсовремени материјали за реставрација со кои во една до две посети добивате сосема нов изглед . Ви овозможуваме да ги корегирате постоечките и надоместите изгубените заби со една од многуте протетски техники и материјали. ХОЛИВУДСКА НАСМЕВКА за која не е потребно стружење на забите и се изработуваат во 2 посети е техника која до скоро беше привилегија само на холивудските глумци и џет-сетерите. Ординацијата поседува лиценца за работа за оваа престижна и софистицирана техника. Сите видови на безметална керамика и метал - керамика Ви се достапни на избор. Сите типови на визил протези и акрилатни протези исто така. Во ординацијата се извршуваат и повеќето хируршки интервенции на меки ткива и заби. Болести од областа на меките ткива, темелно и навремено се дијагностицираат, а потоа добар дел од тие состојби и се третираат со помош на најсовремена мекоткивна ласер техника, електрофореза и јонофореза. За пациенти алергични на анестезии и за мали деца кои се плашат од игли, овозможуваме пломбирање со таканаречена ТЕНС метода, безболно без игла. Постојат уште цела палета дијагностички методи, постапки и пристапи со кои повекето Ваши грижи со оралното здравје би биле елиминирани.
  • Име на контакт лице:Наташа
  • Адреса:Мајка Тереза 5/4 (Водњанска)
  • Поштенски број:1000
  • Град:Скопје , Македонија
  • Мобилен #:075/415691
  • Телефон #:023179870
  • Локација на мапа:Прикажи

Локација

Слики

Лого

Останато

Комплетност на профилот65.62%
Број на производи11
Член од17 Јан, 2014
Последна промена09:55:41 , 28 Јан, 2020
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка