00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Белење на заби

  • Белење на заби

    Те интересира цената?

    • опис на производот
    • профил на компанијата
    опис на производот
  • Опис на производот:Вашата насмевка е првото нешто што го приметуваат луѓето кај Вас. Било да запознавате некого за прв пат, разговарате со колега, пријател, член од семејството, блескавата насмевка претставува основа за Вашата самодоверба. Дами - Вие трошите многу време, енергија и пари на фризери, маникир, салони за разубавување, итн...запоставувајќи го најважното за вашиот изглед и убавина: Вашата блескава насмевка. Господа - Ништо не импресионира повеќе од убава блескава насмевка на маж! Време е да ги тргнете Вашите сомнежи на страна и да се фокусирате на Вашиот најсилен адут - ВАШАТА НАСМЕВКА!
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Никол дент
  • профил на компанијата

    Никол дент

    • Опис на компанијата:Стоматолошката ординација Никол - Дент е приватна ординација со 14 годишно работно постоење. Стоматолошкиот тим ги прати сите најсовремени новитети во областа на стоматологијата и е обучен да овозможи навремена, стручна и квалитетна услуга на сите свои пациенти. Грижата за Вашето орално здравје и за Вашата насмевка можете слободно да ни ја доверите. Ординацијата е со долгогодишно искуство и ги следи сите тековни трендови од областа на естетската стоматологија применувајќи најсовремени материјали и техники со кои ќе се извлече максимум и повторно ќе заблеска Вашата насмевка. Реконтурирање и естетско моделирање на Вашата насмевка со најсовремени материјали за реставрација со кои во една до две посети добивате сосема нов изглед . Ви овозможуваме да ги корегирате постоечките и надоместите изгубените заби со една од многуте протетски техники и материјали. ХОЛИВУДСКА НАСМЕВКА за која не е потребно стружење на забите и се изработуваат во 2 посети е техника која до скоро беше привилегија само на холивудските глумци и џет-сетерите. Ординацијата поседува лиценца за работа за оваа престижна и софистицирана техника. Сите видови на безметална керамика и метал - керамика Ви се достапни на избор. Сите типови на визил протези и акрилатни протези исто така. Во ординацијата се извршуваат и повеќето хируршки интервенции на меки ткива и заби. Болести од областа на меките ткива, темелно и навремено се дијагностицираат, а потоа добар дел од тие состојби и се третираат со помош на најсовремена мекоткивна ласер техника, електрофореза и јонофореза. За пациенти алергични на анестезии и за мали деца кои се плашат од игли, овозможуваме пломбирање со таканаречена ТЕНС метода, безболно без игла. Постојат уште цела палета дијагностички методи, постапки и пристапи со кои повекето Ваши грижи со оралното здравје би биле елиминирани.
    • Име на контакт лице:Наташа
    • Адреса:Мајка Тереза 5/4 (Водњанска)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Локација на мапа:Прикажи
    • Повеќе детали



    023179870

    корисничка поддршка
    Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.


    Ги прифаќам ситеГи прифаќам неопходнитеПовеќе