00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Grapeseed, Green Tea & Pine Bark Complex 60 caps.

10%заштеда

Grapeseed, Green Tea & Pine Bark Complex 60 caps.

Цената е со вклучен ДДВ
878 ден. 790 ден.

  • опис на производот
  • мислења од корисници
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Семките од црно грозје (Vitis Vinifera) се еден од најмоќните извори на антиоксидантни супстанци кои го забавуваат стареењето и се борат против слободните радикали. Гроздовото семе содржи биофлавоноиди наречени проантоцијаниди кои демонстрираат силни антиоксидантни способности. Иако проантоцијанидите се биохемиски компоненти кои се присутни во белото, црвеното и црното грозје, највисока концентрација на овие биофлавоноиди има во семето на црното грозје. Овие биофлавоноиди го заштитуваат и зајакнуваат сврзното ткиво и се од голема помош за подобрување и зачувување на еластичноста на кожата и на ѕидовите на крвните садови со стабилизирањето на нивото на еластинот и колагенот во човековото тело. Тие помагаат и во третманот на артритис, воспаленија на непцата, модринки, флебитис (воспаление на вените), артериосклероза, проширени вени, висок крвен притисок, висок холестерол и други кардиоваскуларни проблеми. Според научните истражувања екстрактот од гроздово семе е 20 пати посилен антиоксиданс од витаминот Ц и 50 пати посилен од витаминот Е. Гроздовото семе го заштитува вашето тело од грип, настинки и воспаленија, го храни мозокот и ја подобрува менталната будност, концентрација и когнитивните функции. Зелениот чај е еден од најшироко употребуваните хербални додатоци во исхраната во светот. Тој содржи многубројни биохемиски компоненти, витамини, минерали, масла и есенцијални нутриционистички состојки, но неговите лековити својства се должат најмногу на присуството на полифенолите. Полифенолите се моќни антиоксидантни и антиканцерогени супстанци кои помагаат при намалување на создавањето на згрутчувања (тромбови) во крвта. Тој е популарен веќе илјадници години ширум светот и е особено познат во Азиските култури заради многубројните позитивни ефекти меѓу кои спаѓаат:
    - зајакнување на имуниот систем,
    - намалување на ЛДЛ холестеролот,
    - забрзување на метаболизмот и одржување на здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем.
    Денес традиционалната кинеска медицина го користи зелениот чај за третирање на главоболка, нервни пореметувања и депресија, како енергетик, како детоксификатор на организмот и како дар од природата кој го забавува стареењето и го продолжува животот. Кората од бор (Pinus Strobus или Медитерански Бел бор) е исто така моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали и помага при васкуларни проблеми бидејки ја подобрува издржливоста и еластичноста на крвните капилари.
    Кората од белиот бор, исто како и гроздовото семе содржи биофлавоноиди наречени проантоцијаниди и поради тоа се употребува за:
    - Подобрување на микроциркулацијата во мозокот и срцето;
    - Намален еластицитет на капиларите предизвикан од дијабетес;
    - Згрутчувања на крвта заради слепување на крвните клетки;
    - Нарушувања на еластичните влакна во капиларите заради делувањето на слободните радикали и ензимските активности;
    - Хронична артериска и венска инсуфициенција во екстремитетите;
    - Микроангиопатија на ретината, отечени лимфни јазли, проширени вени;
    - Спречување на негативните ефекти предизвикани од стареењето;
    - Намалување на ризикот од дегенеративни заболувања.
    Овој извонреден и иновативен производ од Swanson Health Products ги комбинира антиоксидантните ефекти на гроздовото семе, зелениот чај и кората од белиот бор за да создаде моќна синергистичка формула која го зајакнува имуниот и кардиоваскуларниот систем и се бори против слободните радикали со што го забавува стареењето и го продолжува животот.
    - Како додаток во исхраната, се зема 1 капсула 2 пати дневно или по препорака на лекар.
  • Достапност:Контакт
  • Земја на потекло:САД
  • оцени од корисници
    профил на компанијата

    Витамикс - Свансон

    • Опис на компанијата:Компанијата Swanson Health Products е основана во 1969 год. и е реализација на сонот на еден човек да донесе здравје и благосостојба во светот. Денес, Swanson Health Products го продолжува овој сон и има милиони потрошувачи во САД, Европа и ширум светот кои се свесни за скапоценоста на здравјето, како и за производите кои ни помагаат во неговото зачувување и одржување. Лиланд Свансон е првиот основач на Swanson и тој во 1969 го поставил основниот принцип на функционирање на оваа компанија кој вели: „Доброто здравје и задоволството на нашите ценети потрошувачи се нашата главна мисија и задача.” Денес компанијата е под раководство на Ли Свансон Јуниор (Lee Swanson Junior)и се наоѓа во модерен објект со површина од 120 000 м2 во индустрискиот парк во Фарго, главниот град на Северна Дакота. Swanson Health Products произведува и дистрибуира широка палета на нутриционистички додатоци како што се: витамини, минерали, олигоелементи, антиоксиданти, производи од лековити билки, производи од животинско потекло, аминокиселини, хомеопатски средства, есенцијални масни киселини, ензими, ајурведски, вегетаријански, спортски и козметички производи и многу други видови продукти. Производите на Swanson Health Products се од органско потекло и се со загарантиран квалитет и чистина. Тие се сертифицирани од FDA (Food and Drug Administration) Институтот во САД и имаат „А” Класа или врвна класа воGMP (Good Manifacturing Practices) - организацијата која го репрезентира и штити највисокиот квалитет на суровини, индустриско производство и комерција на нутриционистички додатоци во САД, Кина, Европа и ширум светот. Оваа „А” Класа означува дека сите производи кои се маркирани со брендот на Swanson се произведени во согласност со најновите технолошки, нутриционистички и биолошки достигнувања на експертите и се едни од врвните висококвалитетни диететски додатоци во светот. Благодарение на Вита-Микс ДООЕЛ, овие производи се достапни и во Македонија. Вита-Микс ДООЕЛ Експорт-Импорт е основана во 2004 год. од г-дин Љубомир Божино
    • Име на контакт лице:Верче Божиновска Бабунски
    • Адреса:Bul. Jane Sandanski 25/1-2
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070/268-629
    • Телефон #:(02) 2403 311 (02) 2403 310
    • Факс #:02/ 2 40 33 12
    • Локација на мапа:Прикажи
    следи ја оваа компанијаИспрати прашањесите производи
    Вкупна оцена:
    5.0 од 5.0 (1 оцени вкупно)




    070/287-777

    корисничка поддршка