Ладно цедено сончогледово масло ФИЛА 1л
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Низ вековите, сончогледовите семиња играле значајна улога во човечката исхрана, како извор на високо хранливо масло за исхрана. Лупените семиња содржат повеќе од 60% масти, од кои во просек, 88% се незаситени масти. Природно исцеденото масло од сончогледово семе, ладно цедено и нерафинирано, има светло жолта до златно жолта боја, и го носи мирисот и вкусот на сончогледовите семиња. Фила сончогледовото масло е добиено од најквалитетни семиња. При процесот на ладно цедење температурата не надминува повеќе од 45°Ц, со што во ова масло се задржани сите природно присутни и високовредни состојки. Тоа е богато со незаситени масни киселини и со витамин Е, што не се отстранува од маслото со постапката на ладно цедење.Не содржи конзерванси ниту други адитиви
Категорија:Масло од растително и животинско потекло , Здрава храна
Достапност:Има залиха
Продавач:Агрофила
Земја на потекло:Македонија
Гаранција:18 месеци
Цена на големо без ДДВ:85 ден.
Минимална количина за нарачка:12
профил на компанијата
Агрофила
- Опис на компанијата:Фирмата Агрофила - Штип располага со сопствен производствен капацитет за производство на автентично ладно цедено масло за јадење. Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла исклучително корисни за здравјето на луѓето. Маслото не содржи било какви конзерванси или адитиви и ќе им помогне на граѓаните да се вратат кон традиционалниот, природниот и здрав начин на исхрана и живот.
- Име на контакт лице:Адријана Василева
- Адреса:Индустриска зона Македонка бр.21
- Поштенски број:2000
- Град:Штип , Македонија
- Мобилен #:00 389 75 499 847
- Телефон #:00 389 (0)32 393 680
- Факс #:00 389 (0)32 393 681
- Година на регистрација:2007
- Број на вработени:18
- Локација на мапа:Прикажи