00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Ладно цедено салатно масло 1л

Ладно цедено салатно масло 1л

Цената е со вклучен ДДВ
157 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Ова масло е комбинација на ладно цедено сончогледово масло (70%) и екстра девственото маслиново масло (30%). Фила ладно цеденото сончогледово масло е добиено од најквалитетни семиња. При процесот на ладно цедење температурата не надминува повеќе од 45°C, со што во ова масло се задржани сите природно присутни и високовредни состојки. Тоа е богато со незаситени масни киселини и со витамин Е, што не се отстранува од маслото со постапката на ладно цедење.

    Маслиновото масло е природен производ добиен од прво пресување на плодот од маслинката, во која се сочувани сите биолошко вредни и хранливи состојки. Ова масло е од најпознатата област во Грција за производство на врвен квалитет на маслинки- Каламата. Маслото е врвен зачин, им дава деликатесен вкус на сите видови јадења и салати. Oваа мешавина од масла може да се посипе над свежо приготвените јадења непосредно пред сервирање. Маслото е доста стабилно, па затоа има долг рок на траење. Не содржи конзерванси ниту други адитиви.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Агрофила
  • Земја на потекло:Македонија
  • Гаранција:18 месеци
  • Цена на големо без ДДВ:149 ден.
  • Минимална количина за нарачка:12
  • профил на компанијата

    Агрофила

    • Опис на компанијата:Фирмата Агрофила - Штип располага со сопствен производствен капацитет за производство на автентично ладно цедено масло за јадење. Ладно цедените масла се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла исклучително корисни за здравјето на луѓето. Маслото не содржи било какви конзерванси или адитиви и ќе им помогне на граѓаните да се вратат кон традиционалниот, природниот и здрав начин на исхрана и живот.
    • Име на контакт лице:Адријана Василева
    • Адреса:Индустриска зона Македонка бр.21
    • Поштенски број:2000
    • Град:Штип , Македонија
    • Мобилен #:00 389 75 499 847
    • Телефон #:00 389 (0)32 393 680
    • Факс #:00 389 (0)32 393 681
    • Година на регистрација:2007
    • Број на вработени:18
    • Локација на мапа:Прикажи



    032393680

    корисничка поддршка