00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

AMONEX

AMONEX

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Прашкастите експлозивни состави од типот AMONEX се изработуваат на база на амониум нитрат и ТНТ.

    Од производната програма на TRAYAL AD, DETONIT DOOEL ги нуди следните видови производи од овој тип:

    AMONEX 1
    AMONEX 2
    AMONEX 3
    AMONEX 4
    Експлозивите од типот AMONEX се стопански експлозиви наменети, пред се за масивни рударски минирања во површинска и подземна експлоатација, како и за сите врсти специјални минирања чии услови на изведување одговараат на минерско-техничките карактеристики на AMONEX експлозивите.

    AMONEX експлозивите можат да се користат во суви и влажни мински бушотини, но поради својата растворливост не се погодни за минирања во бушотини во кои има вода.

    Експлозивите од типот AMONEX не смеат да се применуваат во услови на метански режим на работа.

    На барање на потрошувачите можат да се изработат AMONEX 1 за специјални намени (контурно минирање) во дијапазон на пречникот на пунење од 17мм до 28мм, или спрема спецификацијата на потрошувашот.



    Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на експлозивот во суви и проветрени простории каде што температурата не го преминува опсегот од -20C до +30C, односно релативната влажност не преминува 75%.

    Пакувањето е прилагодено спрема АДР/97 прописите.
  • Категорија:Експлозиви
  • Продавач:Детонит
  • профил на компанијата

    Детонит

    • Опис на компанијата:Фабриката за експлозиви ДЕТОНИТ ДООЕЛ е изградена во 1978 година а со работа започнува во 1979 година. Основана е како дел од тогашната Хемиска индустрија “Милоје Закич” од Крушевац (денешна ТРАЈАЛ Корпорација) т.е како станица за производство на стопански експлозиви за потребите на рудникот за бакар и злато БУЧИМ. Од 1995 година фабриката функционира како посебно правно лице во склоп на ТРАЈАЛ Корпорација АД Крушевац. Покрај главната намена на фабриката да го снабдува рудникот Бучим со експлозив, Детонит уште во првите години на своето работење почнува да ги снабдува со експлозив и останатите рудници и каменоломи во Македонија како што се Фени Кавадарци, Тајмиште Кичево и други. Денес ДЕТОНИТ ДООЕЛ е современа компанија со имплементиран систем на квалитет по стандардот ISO 9001:2008 и СЕ знак за квалитет на своите производи и која пред се е пазарно ориентирана максимално задоволувајќи ги потребите на своите купувачи и освен домашниот пазар од 2010 година станува првиот извозник во Р. Македонија на стопански експлозив.
    • Име на контакт лице:Владо
    • Адреса:М.В.Трска б.б.
    • Поштенски број:2420
    • Град:Радовиш , Македонија
    • Телефон #:032 635 414
    • Локација на мапа:Прикажи



    032635414

    корисничка поддршка