00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Пумпани "SLURRY" експлозиви


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Пумпани "SLURRY" експлозиви од типот "Масло во вода".

    MAJDANIT 10
    MAJDANIT 20
    Манјанид експлозивите се произведуваат на специјално SLURRY - возило кое воедно претставува и мала подвижна фабрика. Полнењето на SLURRY возилото е поврзано за својата база - SLURRY станица каде што се припремаат сите компоненти.

    Ниедна од почетните компоненти кои се полнат во возилото не е експлозив, се додека не пристигне до рударските копови каде што на лице место се прави експлозивот.

    Овие експлозиви се водоотпорни и својата функционалност ја добиваат после впумпувањето во минските бушотини во која го постигнуваат пречникот на бушотината (поголем од критичниот) и густина која обезбедува стабилна детонација.

    Јачината може да им се контролира во зависност од стенската маса. Се користат за масовни минирања на површинските копови во пречници на минските копови над 100mm.

    Мајданитот не е осетлив на Рударска каписла бр.8 и Детонаторски фитил. Иницирањето се врши со пентолитски појачувачи Бустер (ПП - 360 и ППН - 500).

    Не се препорачува непотребни долго стоење на експлозивите во бушотините, туку да се минира веднаш штом се створат услови.
  • Категорија:Експлозиви
  • Продавач:Детонит
  • профил на компанијата

    Детонит

    • Опис на компанијата:Фабриката за експлозиви ДЕТОНИТ ДООЕЛ е изградена во 1978 година а со работа започнува во 1979 година. Основана е како дел од тогашната Хемиска индустрија “Милоје Закич” од Крушевац (денешна ТРАЈАЛ Корпорација) т.е како станица за производство на стопански експлозиви за потребите на рудникот за бакар и злато БУЧИМ. Од 1995 година фабриката функционира како посебно правно лице во склоп на ТРАЈАЛ Корпорација АД Крушевац. Покрај главната намена на фабриката да го снабдува рудникот Бучим со експлозив, Детонит уште во првите години на своето работење почнува да ги снабдува со експлозив и останатите рудници и каменоломи во Македонија како што се Фени Кавадарци, Тајмиште Кичево и други. Денес ДЕТОНИТ ДООЕЛ е современа компанија со имплементиран систем на квалитет по стандардот ISO 9001:2008 и СЕ знак за квалитет на своите производи и која пред се е пазарно ориентирана максимално задоволувајќи ги потребите на своите купувачи и освен домашниот пазар од 2010 година станува првиот извозник во Р. Македонија на стопански експлозив.
    • Име на контакт лице:Владо
    • Адреса:М.В.Трска б.б.
    • Поштенски број:2420
    • Град:Радовиш , Македонија
    • Телефон #:032 635 414
    • Локација на мапа:Прикажи



    032635414

    корисничка поддршка