00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Сигурносни врати Медијапан 4mm


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Наменета е претежно за апартмани и станови но еднакво функционална и за куќи. Сигурносниот момент кај овој тип на врати се должи на повеќе аспекти. Основниот дел во внатрешноста го чини двојна челична конструкција, наменски обликувана да се смести сигурносна брава, механизам за вертикално забравување горе-долу и странични фиксни клинови во делот на шарките на крилото кои навлегуваат во отворите на касата. Врз челичната конструкција се поставува ПП изолант, бидејќи освен сигурност, овој тип на врата нуди и заштита од пожар до 30 мин. Над него пак, се поставува фурниран медијапан од 4mm, кој го формира крилото на сигурносната врата. Медијапанот се бои со бајц-боја и двојно се лакира, доколку Вашиот избор е врата со текстура на дрво и бојата е по желба (сите тонови на дрво како даб, орев, костен, бука, цреша и сл.). Постои можност за облагородување на фурнир-медијапанот со аплицирање на шари-гравури, за подобар визуелен ефект, по Ваш избор. Вратата е снабдена со сефовска брава со внатрешен механизам и уште една стандардна брава со цилиндер, со вкупно заклучување во 9 точки. Дебелината на крилото е 5(cm). Металните делови (рамот и касата ) се електростатски обоени во склад со нијансата на вратата. Овој основен тип на врати се развива во поглед на вклопување во просторот, по основ на екстериер-ентериер, па затоа и нуди повеќе дополнителни можности на боја и шара-гравура. Така, освен топлите нијанси во боја на природно дрво, се применува боење со полиуретанска боја, која со посебна техника на нанесување и импрегнирање на истиот медијапан, дава сосема друг ефект на надворешноста и пластичен изглед. Постојат варијанти и во поглед на опшивање на вратата со лајсни, кои се метални, алуминиумски или дрвени. Широкиот избор во поглед на боја, шара и техника на комбинирање на истите, ја прави лепезата и разноликоста на вратите прилагодлива на сечиј вкус. Се работи според точно утврдени мерки на лице место. На оние места каде се јавува поголема градежна димензија на отворот се изработуваат врати со довратник или надвратник. Целта е секогаш да се задоволат барањата на нарачателот, во поглед на заштита, боја, изглед, функционалност и безбедност на домот и имотот. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
  • Категорија:Врати
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка