00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Сигурносни врати Иверка 16mm


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Наменета е претежно за апартмани или станови. Сигурносниот момент кај овој тип на врати се должи на повеќе аспекти. Основниот дел во внатрешноста го чини еднострука челична конструкција, наменски обликувана да се смести сигурносна брава, механизам за вертикално забравување горе-долу и странични фиксни клинови во делот на шарките на крилото кои навлегуваат во отворите на касата. Овој тип на сигурносни врати нуди и заштита од пожар до 30 мин. Како завршна облога се поставува оплеменета иверка со дебелина од 16mm со што се формира крилото на сигурносната врата. Оплеменетите иверки можат да бидат со најразличен дезен во зависност од потребите на клиентот според каталог (еднобојни и изглед на текстури од даб, орев, костен, бука, цреша и сл.). Сигурносната врата е снабдена со сефовска брава со механизам за верткално забравување (горе-долу) како и фиксни чивии кај шарките и уште една стандардна цилиндер брава, со вкупно заклучување во 9 точки. Дебелината на крилото е 6(cm). Металните делови (рамот и касата) се електростатски обоени во склад со нијансата на вратата. Овој основен тип на врати се развива во поглед на вклопување во просторот, по основ на екстериер-ентериер, па затоа и нуди повеќе дополнителни можности на боја и текстури. Така, освен топлите нијанси во боја на природно дрво има и пастелни бои во најразлични нијанси. Вратите се изработуваат според точно земени мерки на лице место, а отворањето може да биде на внатре, на надвор, лева или десна. страна. Онаму каде јавува поголема градежна димензија на отворот се изработуваа довратник или надвратник, кои ги прилагодуваме според дизајнот на основното крило. Целта секогаш е да се задоволи барањето на нарачателот, во поглед на заштита, боја, изглед, функционалност и безбедност на домот и имотот. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
  • Категорија:Врати
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка