00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Станови во комплекс Адора Flatiron Скопје (Скопје Центар - Стара Рампа)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ЕЛИТЕН СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ.
    ВРВ НА УРБАНОТО ДОМУВАЊЕ И СВЕТСКИОТ БИЗНИС СТИЛ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ.
    Елитниот комплекс Адора Flatiron Скопје, инспириран од славната зграда Flatiron во Њујорк, усовршен со најсовремените трендови, технолгии и иновации, се наоѓа на атрактивна локација во урбаното јадро на Скопје, на почетокот на општината Кисела Вода, кај Стара Рампа, на ул. Иван Козаров бб, на 1 километар оддалеченост и само 7 минути пеш од строгиот центар и главниот плоштад Македонија. Објектот располага со 279 елитни станови со површина од 31 до 260 м², од кои 237 се висококвалитетни станови, а 42 се ултрамодерни penthouse станови, од кои се простира прекрасен панорамски поглед на цело Скопје и со 29 разновидни ексклузивни деловни простории кои нудат одлични услови за за успешно водење на различни бизнис дејности. Од нив, 19 се на приземјето, со површина од 45 м² до 270 м², со можност за спојување до 1.035 м² и катна висина од 4,7 метри, со можност за изведување на галерија, големи пространи впечатливи излози и директен пристап од надворешниот дел и главните сообраќајници. Во мезанинот има 10 деловни простории со површина од 117 м² до 277 м², кои нудат можност за спојување до 1.773 м², кои имаат пристап преку скалиштата и лифтовите од двете страни. Со атрактивната локација во централната урбана зона на Скопје, впечатливиот изглед, лесниот пристап од развиената сообраќајна инфраструктура и јавниот градски превоз и 394 сопствени паркиралишта на три подземни нивоа и партер, најсовремените безбедносни системи, домарската служба, уредена и хортикултурно оплеменета околина, деловниот центар Адора Flatiron Скопје нуди одлични услови за развивање успешни бизнис приказни со светски стил на 21-виот век. Посебна атракција на објектот е луксузно уредениот ентериер кој со пространиот, добро осветлен и естетски обликуван внатрешен влез-пацио, атриумот-централно поставениот отворен внатрешен простор со стаклен покрив, со изобилство на природна светлина и вентилација и циркулација на свеж воздух во целиот комплекс, оплеменет со простории за заедничко дружење на станарите и амбиентално илуминирани ходници, со светлосни ефекти во вечерните часови, нуди раскошна, релаксирана и топла атмосфера за живеење. Објектот има три влеза и седум екстра брзи лифтови. Становите се распоредени во три ламели, по шест стана на кат во еден влез, што на станарите им овозможува комотно, функционално, современо, интимно и хумано домување. Penthouse становите на последните катови од комплексот кои изобилуваат со природна светлина и нудат единствен отворен поглед кон сите страни на Скопје, со тераси што на 50-тина метри височина обезбедуваат целосна приватност, станарите комплетно ги оттргнуваат од чувството дека домуваат во шпицот на градската динамика, нудејќи им ги сите погодности и привилегии на високиот урбан стил на живеење во метрополата. Објектот е со докажана врвна асеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А класа и одлична звучна изолација со индекс на звучна пропустливост до 63 db, што е 80 % над македонските стандарди и овозможува заштита од бучавата, што е од голема важност за комфорно живеење и за здравјето на станарите. Македонскиот Flatiron кој нуди модерен ентериер во објектот, деловните простории и становите со материјали од увоз на реномирани производители, ќе има подземни контејнери за одлагање на сметот, сопствен базен со вода за интервенции при евентуален пожар, паркиралишта за велосипеди, уредена и озеленета околина.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Адора Инженеринг

    • Опис на компанијата:Адора инженеринг е специјализирана компанија, лиценцирана и меѓународно сертифицирана за проектирање, изведба и продажба на сите категории на висока градба, што е нејзина основна дејност. Развивајќи и потврдувајќи се под мотото „Само делата се вистина“ од основањето на 28-ми август 2002-ра година, за 14 години компанијата изгради преку 30 станбено-деловни објекти во Македонија со 2.600 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, 200 ексклузивни деловни простории, 3.000 модерни паркиралишта, базени и вредни и корисни донации за заедницата. Целосно во функција на купувачите, Адора инженеринг по принципиот „клуч на рака“, во договорениот рок им нуди СÈ НА ЕДНО МЕСТО: инвестирање, проектирање, изведување, продажба, квалитет, стабилност, енергетска ефикасност, дом по сопствена мерка, заштита на животната средина и општествена одговорност. Компанијата што започна со само двајца, сега има околу 400 вработени, предводени од менаџерскиот тим со тројца доктори на науки, 10-тина магистри и магистранти од повеќе области кои се доедуцираат со помош на компанијата, 20-тина високообразовани стручни кадри со богато искуство, кои со вредните градежни работници и потврдените мајстори, неимари се од суштинска важност за успехот на Адора инженеринг. Во 14 годишното постоење Адора инженеринг се позиционира на врвното лидерско место како најуспешна компанија во градежниот сектор-високата градба во Македонија и регионот, најголем инвеститор и градител на станови со удел од 20 % во високоградбата во Македонија. Пет години континуирано, Централниот Регистар на Р. М. ( 2010-2014 ) ја рангира меѓу 5-те најуспешни и најбрзорастечки компании во Македонија. Во 2015-та година компанијата имаше инвестиции од 50 милиони евра и со раст на производството од 400 %, оствари за 4 пати поголема изградба на станови во однос на просекот од претходните 12 години. Овој потврден градежен бренд досега има изградено вкупно 156.000 м² станбена површина, каде може да се смести еден цел град со 10.000 жители. Компанијата како пионер во сите области
    • Име на контакт лице:Драгана Чифлиганец
    • Адреса:Орце Николов 182-а
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 3093200
    • Факс #:00 389 (0) 2 3093908
    • Година на регистрација:2002
    • Број на вработени:200
    • Локација на мапа:Прикажи



    023093200

    корисничка поддршка