00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Комплекс Адора Flatiron Скопје


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Живејте во новиот урбан симбол во срцето на Скопје

    Во атрактивниот комплекс Адора Flatiron Скопје за продажба е слободен само уште еден ( 1 ) стан со површина од 72 m², плус голема тераса од 105 m².

    Супер модерниот комфорен стан се наоѓа во влез 2, бр. 1, на први кат, со југоисточна ориентација и поглед кон општина Кисела Вода-Скопје. Станот располага со две спални соби, комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 1 бања, 1 гостински тоалет и пространа тераса со површина од 105 m².
    Последниот слободен стан во македонскиот Flatiron нуди одлични услови за современо, комфорно, сигурно, здраво и економично домување во нов објект изграден 2017-та година, со сосема нов концепт, внимателно дизајниран ентериер, со примена на последните стандарди и трендови во архитектурата и домувањето, на глобално ниво.
    Комплексот Адора Flatiron, новиот препознатлив симбол во срцето на Скопје, на само 900 метри или 7 минути пеш од строгиот центар на македонската метропола, на станарите им нуди идеални услови за лесно и квалитетно секојдневно живеење. Во негова непосредна близина се голем број значајни институции во главниот град, со развиена инфраструктура и сообраќајна поврзаност, сопствени паркинг простори за возила и велосипеди, 24 часовна домарска служба, заштитен од еко и звучно загадување и спокојни домови со загарантирана приватност во централното урбано јадро.

    Грандиозниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron е на една од најатрактивните локации во централното подрачје на Скопје, на 900 метри оддалеченост или 7 минути пеш од главниот плоштад во македонската метропола. Објектот е на бул. „Борис Трајковски“ бр. 1, во месноста Стара Рампа, на границата меѓу општините Центар и Кисела Вода.
    Во близина се повеќе значајни институции: Републичкото Собрание, Градски Трговски Центар, Парк Жена Борец, Зелен пазар, Општа градска болница, Олимписки базен, средните училишта В. А. Дрен и Р. Ј. Корчагин, основните училишта Димитар Миладинов и 11 Октомври, детски градинки, Економскиот институт, универзитетите Американ Колеџ и Свети Кирил и Методиј, Сивус, Тутунски комбинат, зградата на Општина Кисела Вода, Народната Банка, трговските центри Веро и Рамстор, меѓународната и меѓуградска автобуска и железничка станица, Македонска пошта, Поликлиника МВР, повеќе банки и други објекти.
    Во Адора Flatiron има само еден ( 1 ) слободен стан бр. 1 во влез 2, со површина од 72 m² и голема пространа тераса од 105 m².
    Објектот е во фрекфентна зона со развиена инфраструктура и сообраќајници, лесно достапен пеш, со сопствени и такси возила и со јавен градски превоз. Располага со сопствени паркиралишта, со што станарите се ослободени од грижа и стрес при паркирање. На дофат на станарите им се сите удобности на современиот урбан стил на живот и лесно секојдневно функционирање во централната зона на главниот град.
    Локација: бул. Борис Трајковски бр. 1, Кисела Вода, Скопје

    ВИСОК КВАЛИТЕТ · СТАБИЛНОСТ · КОМФОР ПО НАЈНОВИ СТАНДАРДИ

    •Врвна статика и асеизмичка стабилност, потврдена со вештачки земјотрес
    •Армирано-бетонска плоча од 155 cm, 40-60 % железо, арматура и бетон над проектираното
    •Енергетска ефикасност А-класа верифицирана со сертификат
    •Органска фасада од реномираниот бренд STO, паропропусна, водонепропусна
    •REHAU GENEO FIPRO прозори со безметални ПВЦ профили ( шесткоморни, со трислоен стаклопакет, едно четирисезонско стакло и одлична изолација )
    •Фотоволтаични соларни системи со обновливи извори на енергија, за заедничко осветлување, без сметки за струја, верифицирано со енергетски сертификат
    •Звучна изолација до 63 db, 80 % над македонските стандарди, акустичен комфор за мирно домување, верифициран со првиот сертификат на Rigips ( Saint Gobain )
    •Безбедни, експресни, бесшумни, модерни лифтови од светскиот бренд KONE
    •Противпожарен спринклер систем за детекција и автоматско гаснење пожар
    •Подови од двослоен паркет дабово дрво од брендот ТАРА
    •Ѕидна и подна ќерамика од шпанскиот бренд ROCA
    •Опрема за бањи од познатиот бренд KOLPA SAN
    •Санитарна опрема ( чешми и казанчиња ) за бања од брендот GROHE

    ДУХОТ НА ЊУЈОРК ВО СКОПЈЕ СО СТИЛ – ДИЗАЈН И ТРЕНДОВИ ОД 21 ВЕК

    •Објектот е почнат со изградба на 31 јули 2015 година, а со свечено отворање, предаден е во употреба на 26 декември 2017 година
    •Височина 60 метри, со ексклузивен деловен центар на приземје и први кат и 16 ката со модерни, функционални и комфорни домови и луксузни penthouse станови
    •Маркантен објект со препознатлива архитектура, нов урбан симбол во градското јадро на Скопје, со префинет стил и дизајн на ентериерот за пријатно домување
    •Три засебни влезови за станбениот дел со 6 експресни, бесшумни лифтови и распоред на 6 станови на 1 кат во 1 влез, за хумано домување со мир и приватност
    •А класа ултра модерен Деловен центар со посебен влез, приемна рецепција и лифт
    •Внимателно осмислен декор на фоајето и заедничките простории, со природни материјали, уметнички дела, егзотични растенија и амбиентално осветлување
    •Централен внатрешен двор – атриум со стаклен покрив и изобилство на природна светлина и свеж воздух во целиот објект ио домовите
    •Тераси со романтични огради од ковано железо и максимална приватност
    •Пространи ходници, амбиентално осветлени коридори, кои водат кон становите
    •Најдобар отворен панорамски поглед на Скопје, кон центарот на метрополата, падините на Водно, Шар Планина, Скопска Црна Гора, реката Вардар и целиот град
    •Објектот располага со сопствени паркиралишта на 3 подземни нивоа и партер за сопствениците на становите и деловните простории
    •Во комплексот има домарска служба со приемна рецепција што 24 часа е на услуга на сопствениците на домовите и деловните простории и на гостите
    •Објектот е добитник на престижната интернационална награда THE BIZZ 2016 во Монте Карло, Монако од Светската бизнис конфедерација, за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето
    •Објектот е добитник на највисоката национална награда 2017 од министерството за економија за борба против еко и звучно загадување со проектот „Енергетски домови со природна светлина, органска фасада, без бучава, за здраво домување“ во рамките на долгорочната стратегија „Со еко домови 17 години градиме зелени градови во Македонија“.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Адора Инженеринг

    • Опис на компанијата:Адора инженеринг е специјализирана компанија, лиценцирана и меѓународно сертифицирана за проектирање, изведба и продажба на сите категории на висока градба, што е нејзина основна дејност. Развивајќи и потврдувајќи се под мотото „Само делата се вистина“ од основањето на 28-ми август 2002-ра година, за 14 години компанијата изгради преку 30 станбено-деловни објекти во Македонија со 2.600 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, 200 ексклузивни деловни простории, 3.000 модерни паркиралишта, базени и вредни и корисни донации за заедницата. Целосно во функција на купувачите, Адора инженеринг по принципиот „клуч на рака“, во договорениот рок им нуди СÈ НА ЕДНО МЕСТО: инвестирање, проектирање, изведување, продажба, квалитет, стабилност, енергетска ефикасност, дом по сопствена мерка, заштита на животната средина и општествена одговорност. Компанијата што започна со само двајца, сега има околу 400 вработени, предводени од менаџерскиот тим со тројца доктори на науки, 10-тина магистри и магистранти од повеќе области кои се доедуцираат со помош на компанијата, 20-тина високообразовани стручни кадри со богато искуство, кои со вредните градежни работници и потврдените мајстори, неимари се од суштинска важност за успехот на Адора инженеринг. Во 14 годишното постоење Адора инженеринг се позиционира на врвното лидерско место како најуспешна компанија во градежниот сектор-високата градба во Македонија и регионот, најголем инвеститор и градител на станови со удел од 20 % во високоградбата во Македонија. Пет години континуирано, Централниот Регистар на Р. М. ( 2010-2014 ) ја рангира меѓу 5-те најуспешни и најбрзорастечки компании во Македонија. Во 2015-та година компанијата имаше инвестиции од 50 милиони евра и со раст на производството од 400 %, оствари за 4 пати поголема изградба на станови во однос на просекот од претходните 12 години. Овој потврден градежен бренд досега има изградено вкупно 156.000 м² станбена површина, каде може да се смести еден цел град со 10.000 жители. Компанијата како пионер во сите области
    • Име на контакт лице:Драгана Чифлиганец
    • Адреса:Орце Николов 182-а
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 3093200
    • Факс #:00 389 (0) 2 3093908
    • Година на регистрација:2002
    • Број на вработени:200
    • Локација на мапа:Прикажи



    023093200

    корисничка поддршка