00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA NA PELETI THERMOFLUX INTERIO 20kW

15%заштеда

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA NA PELETI THERMOFLUX INTERIO 20kW

Адреса за испорака

Име и презиме (за достава)
Телефонски број за контакт
Улица
Град
Забелешки за достава
Цена со ДДВ:

96600.0 ден. 82110 ден.
Количина: -+

Достава:
Плаќање:


* Бесплатна достава

Производот го добивате за 2 до 3 работни дена.

MarketKonekt гарантира 100% заштита на купувачите. Доколку производот не соодвествува на описот нудиме враќање на парите. Прочитајте повеќе.


  • опис на производот
  • мислења од корисници
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ПРОВЕРЕТЕ ЗОШТО СМЕ БРОЈ 1 НА ПАЗАРОТ ЗА ПЕЛЕТИ И КОТЛИ И ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ!
    ВОНСЕЗОНСКИ ПОПУСТ НА СИТЕ КОТЛИ И ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ ОД РЕНОМИРАНИОТ БРЕНД THERMOFLUX!

    INTERIO 20(20 kW) Задоволство ни е да Ви ја претставиме најновата линија на печки на пелети INTERIO, потполно автоматски топловодни камини наменети за спојување со инсталации за централно греење. Напредната и модерна технологија со која се изработени им овозможува да имаат висок степен на искористување 94%,со што овозможуваат потполно и комотно загревање на просториите,а со максимална заштеда на енергенсот (пелетите. Камините се компактни, потполно опремени, со вградени: експанзионен сад, циркулациона пумпа и сигурносен вентил, а внатре во нив имаат и резервар за пелети со капацитет од 30 kg. Поголемиот дел од енергијата ја пренесува на водата за загревање на радијаторите,а еден мал дел оддава преку стаклото. Камините INTERIO со својата префинета изработка, функционалност и убавина ке ги освојат сите ваши сетила. Претставуваат извонреден спој на модерен, уникатен дизајн и максимална економичност, а воодушевуваат со својот квалитет, брзина на загревање на просторот и комфорот кој го создаваат. Ги карактеризира исклучително квалитетна изработка од сертифициран челик, а декорацијата ја надополнува рачно изработената италијанска керамика, додадена на горната плотна и страните на каминот, која на INTERIO му дава нота на вонвременска елеганција. Зависно Вашиот избор бојата на керамиката може да биде кармин црвена или мермерна беж боја. На предната страна имаат керамичко стакло отпорно на температури и над 750 °С. Пламенот кој се гледа преку стаклото создава прекрасна, многу пријатна атмосфера во Вашиот дом или работни простории, топлина која смирува и инспирира. Автоматиката која е инкорпорирана во каминот пружа удобност на потполно автоматско загревање на Вашиот дом со можност за многу детално и прецизно програмирање на палењето и гасењето со дневен и неделен тајмер (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење,при поврзување со собни термостати по постигнување на зададената (саканата) температура каминот ја гасне,ја сведува на минимум својата работа се до следниот регистриран пад на температурата од страна на термостатот,со ова каминот прави огромна заштеда на енергенсот(пелетите)сведувајќи ја на минимум нивната потрошувачката. Камините се со првокласен квалитет, сертифицирани со TÜV THÜRINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien) a поседуваат и ISO 9001:2008 Сертификат, како и CE Сертификат. Печките INTERIO се многу лесни за одржување и користење. Имаат вграден пепелник во кој паѓа пепелта при согорување на пелетите. Пелетите се еколошко и енергетски најефикасно гориво, согорувањето на дрвените пелети е толку чисто, при што речиси и нема ослободување на гасови во околината, тие се СО2 неутрални. Пелетите имаат поголема калориска (топлинска) моќност отколку нафтата, природниот гас и дрвените цепаници. Количеството на формирана пепел од согорувањето на пелетите е минимално само 0,8-1% (8-10kg пепел на 1ton пелети).
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Техно Ауто
  • Гаранција:5 години
  • оцени од корисници
    профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-а лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    070/287-777

    за информации и помош при купување