00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA NA PELETI THERMOFLUX ELEGANCE 33 KW

12%заштеда

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ПРОВЕРЕТЕ ЗОШТО СМЕ БРОЈ 1 НА ПАЗАРОТ ЗА ПЕЛЕТИ И КОТЛИ И ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ!

    Камините ELEGANCE се од најновата линија на Камини на пелети на реномираниот бренд THERMOFLUX кои што својата премиера ја доживеаа на 12ти Март 2019 на најголемиот светски Саем
    од областа на греење и климатизација ISH во Франкфурт, Германија.
    Камините се опремени со комплетна софистицирана автоматика, бренер со керамички греач, резервар за пелети од 30кг, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи,пепелник, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS 25/6 тробрзинска, сигурносен
    вентил, термостатски сонди вклучително и сонда на одџакот (која не дозволува загуба на топлина
    низ оџакот), првокласен естетски изработен челик и керамичко високоотпорно стакло, се ова е вклучено во цената. Механизам за идеално согорување (VENTURA).Механизам за целосно самочистење.

    На Саемот ISH во Франкфурт оваа година 2019, исто како и во 2015та, THERMOFLUX во конкуренција со Европски и Светски Брендови, доби награда, освои прво (1) место за дизајн и
    иновативност, што е огромен успех.

    Горната и страничната оплата на каминот се изработени од естетски челични профили, поминати низ
    специјална машина која што на површината и дава префинетост со посебен сјај и нежност.
    Челикот од кој што се изработуваат Камините ELEGANCE е оставен во неговата оригинална црна боја,а како финишна нота, челикот е прекриен со специјална заштитна фарба во црна боја која што дополнително ја истакнува бојата на челикот.

    Врвната изработка на вратите на Каминот ELEGANCE дополнително допринесува за неговата уникатност и елеганција.
    Каминот поседува две целосно стаклени врати. Првата врата е со помали димензии и непосредно го затвара огненото ложиште, додека надворешната врата е со поголеми димензии и во целост ги прати контурите на предната страна на каминот.

    Ракувањето со камините е потполно автоматско, според параметрите кои ке ги зададете автоматски
    палат и гасат.

    THERMOFLUX котлите и камините на пелети се единствени на пазарот по својата огромна СЕРТИФИЦИРАНА ефикасност и практичност.Ефикасноста изнесува високи И до 96%, со што Ви
    прават огромна заштеда на енергенсот (пелетите).

    Камините се еколошки, CO2 неутрални, не испуштаат речиси никаков чад низ оџакот.

    Камините ELEGANCE се произведуваат во ранг 20kW/25kW/33kW.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Техно Ауто
  • Земја на потекло:Босна и Херцеговина
  • Гаранција:5 години
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка