00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Рологаражна врата


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот: - Погонот на рологаражната врата е стандардно на мотор
    - Кутија под 45 степени, рамна водилка и завршна ламела
    - Овозможува добивање на поголем слободен простор (ламелите се собираат вертикално во ролница)
    - Едноставна монтажа, брза и чиста,
    - Едноставно сервисирање од надворешната страна
    - Термичка изолација
    - Боја според RAL карта, можност за комбинација на бојата помеѓу бојата на кутијата , спустот и водилката, според избор на корисникот
    - Системот е изработен од високо квалитетни алуминиумски делови
    - Можност за дополнително зголемување на сигурноста
    - Повеќе можности на управување
    - Голем временски интервал на издржливост
    - Помошен механизам за отварање, во случај да нема струја.

    ***Автоматика и Гарaжни врати:

    Кај Рологаражната врата постои можност за автоматизација на целиот процес со вградување на мотор во кутијата на Рологаражната врата.

    - Управувањето со шалтер клуч , индустриски тастер, управување со радио станица - далечинско
    - Програмирање на целиот процес на отварање и затворање на ролетната, пропратено со соодветни сензори
    - Едноставно управување со прекинувач
    - Управување со далечинско
    - Интелигетно управување – со помош на сензор за автоматско отварање и затварање на рологаражната врата.

    ****Техничка спецификација:

    Алуминиумски рологаражни врати се изработуваат од ал ламели исполнети со полиуретан со димензија 77мм х 18мм и истите се собираат во кутија која е составена од два дела – заден капак под 90 степени и преден капак под 45 степени.

    - Кутијата е со димензии 300мм х 300мм за врати со висина до 3000мм
    - Kутија со димензии 350мм х 350мм за врати со висина до 4200мм.
    - Кутијата е изработена од алуминиумски пластифициран лим со дебелина од 1мм. која се прицврстува на алуминиумски конзоли(носачи на кутијата).
    - Ал конзоли се во пар (лева и десна) со димензии исти како на кутиите. Вратата се намотува на метална поцинкувана осовина Ф70 со дебелина на ѕид 1,2мм за врати до 3500мм должина, додека за врати со должина поголема од 3500мм се монтира осовина со дебелина на ѕид 1,5мм.
    - Во осовината од една страна се монтира мотор, а од друга страна се монтира ракавец L=200мм. На ал конзола од страната каде што е моторот се монтира држач за мотор 100мм х 100мм, а на конзолата од страната каде што е ракавецот се монтира држач за лагер 100мм х 100мм и во него лагер со димензија Ф42/12. Ал ламели се чепуваат со пвц чепови преку една ламела кои придонесуваат вратата да може компактно да се крева и спушта. Спустот се движи во рамна ал водилка со димензии 89мм х 35мм и во истата од двете страни се навлекува четка со димензии 7мм х 12мм која што овозможува безшумно работење и помало триење на спустот. На спустот најдолу се монтира рамна завршна лајсна од екструдиран ал профил во која се навлекува завршна дихтунг гума.

    Овие врати имаат можност да имаат ламели со прозорчиња кои што се од екструдиран ал профил 77мм и во истите може да се вметнат ленти од плексиглас. Напомена: рологаражните врати најчесто се автоматизирани и моторите што се користат се тибуларни(се монтираат во осовина) и истите се NHK- со интегрирана курбла која се користи во случај да нема струја. 1 м2 = 13 ламели 1м2 = 6,5 кг.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Роломатик
  • профил на компанијата

    Роломатик

    • Опис на компанијата:РОЛОМАТИК ДООЕЛ е основана во 1994 година. РОЛОМАТИК отпочна како мала компанија со само 5 вработени лица кои изработуваа ролетни од секаков вид. Денеска имаме повеќе од 30 вработени, соработуваме со водечките светски компании и нудиме широка палета на производи и услуги. Низ годините РОЛОМАТИК се докажа како силна и доверлива компанија во Република Македонија особено во полето на производство и инсталирање на ролетни, врати и прозорци, гаражни врати и друго.
    • Име на контакт лице:Мирослав
    • Адреса:Јадранска Магистрала б.б.(Качанички пат)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070217011
    • Телефон #:+389 (0)2 3223 280
    • Локација на мапа:Прикажи



    023223280

    корисничка поддршка