00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Соломатик жалузини


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот: Соломатик жалузини – изработени се од алуминиумски ламели со трапезен облик со ширина од 80мм кој се нанижани на импрегнирана лента која е закачена на механизам во кутија со димензии 51х57мм.

    Механизмот за кревање/спуштање, како и за ротирање на лемелите е направен така што ламелите исклучиво преку него можат да се движат или ротираат што придонесува за стабилност на ламелите при полоши временски услови. Водилките за ламелите се изработени од алуминиум и се со димензија 18мм х 22мм и на истите е провлечена гума која обезбедува безшумно работење и помало триење. Соломатикот може да биде управуван со рачно со курбла, или на мотор со прекинувач или далечинско. Кутијата и водилките се прицврстуваат со помош на метални поцинкувани држачи. На соломатикот постои и можност да се монтира ал маска која ке ги покрива ламелите кога тие ќе бидат во собрана позиција, и зависно од висината на соломатикот, се одредува и висината на маската.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Роломатик
  • профил на компанијата

    Роломатик

    • Опис на компанијата:РОЛОМАТИК ДООЕЛ е основана во 1994 година. РОЛОМАТИК отпочна како мала компанија со само 5 вработени лица кои изработуваа ролетни од секаков вид. Денеска имаме повеќе од 30 вработени, соработуваме со водечките светски компании и нудиме широка палета на производи и услуги. Низ годините РОЛОМАТИК се докажа како силна и доверлива компанија во Република Македонија особено во полето на производство и инсталирање на ролетни, врати и прозорци, гаражни врати и друго.
    • Име на контакт лице:Мирослав
    • Адреса:Јадранска Магистрала б.б.(Качанички пат)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070217011
    • Телефон #:+389 (0)2 3223 280
    • Локација на мапа:Прикажи



    023223280

    корисничка поддршка