00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Јаглерод диоксид CO2


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Контакт: 02/2581 380; 070/217952. MKS H.F1.016 - Квалитет: 3.8 - CO2 ≥99.98% vol. - H2O ≤ 0,01 % vol. - O2 ≤ 0.005 % vol. Се добива со прочистување на сиров јаглеродендиоксид од природни извори или од процесите на хемиската индустрија и со втечнување. - ИСПОРАКА: Во челични садови - боци, под притисок од 70-150 бара во течна агрегатна состојба или се испорачува во телна агрегатна состојба со специјални транспортни садови под притисок до садовите на корисникот на гасот. - ОСОБИНИ: Под нормални услови е во гасна агрегатна состојба. Јаглеродниотдиоксид е без мирис, потежок од воздухот, задушлив и незапалив. Со експанзија под притисок делумно преминува во цврста состојба (сув мраз) - УПОТРЕБА: Во производство на пијалоци за газирање, заштита и претоцување; Во хемиската индустрија за добивање на карбонати, бикарбонати, ѓубрива, синтезни смеши, за неутрализација на алкални раствори, во производството на бои итн.; Во техниката на заварувањ, во металургијата, леарството, за ладење и заштита на производите; - УПОТРЕБА НА ГАСОТ: Работењето со гасот под притисок како и употребата на течниот CO2 подлежи на посебни прописи и мерки за заштита. - МАТЕРИЈАЛИ: Во сува состојба гасот не е кородивен. За влажниот гас неопходна е употреба на легирани челици. За за течниот гас се користат легирани челици за ниски темпратури. Дозволена е уптреба на поголем број пластични материјали. За течниот гас - тефлон и слични материјали.
  • Категорија:Технички гас
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Месер Вардар Техногас

    • Опис на компанијата:Контакт: 02/2581 380; 075261262-Катерина. MESSER е име на германска компанија кое повеќе од 100 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши. Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како фирма ќерка на Messer Group. Во моментов располагаме со погон за производство на јаглероден диоксид лоциран во Меџитлија- Битола, и полнилници за кислород, за јаглродендиоксид, за азот, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје. Покрај останатата палета на производи и опрема за гасови со која располагаме, произведуваме и сув мраз. Месер Вардар Техногас има продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
    • Име на контакт лице:Бојан
    • Адреса:Драгољуб Боцинов 4В
    • Поштенски број:1040
    • Град:Скопје , Македонија
    • Година на регистрација:1996
    • Број на вработени:40
    • Локација на мапа:Прикажи
    • Повеќе детали



    022581380

    корисничка поддршка
    Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.


    Ги прифаќам ситеГи прифаќам неопходнитеПовеќе