00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Азот

Азот

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Контакт: 02/2581 380; 070/217952. MKS H.F1.012 - Квалитет: 4.5 - N2 ≥ 99.995% vol. - O2 ≤ 0,0010% vol. - H2O ≤ 0.0010% vol. - ПРОИЗВОДСТВО: Се добива со ректификација на течен воздух на температура под -185°C - ИСПОРАКА: Во челични садови - боци, под притисок од 150 бара. - ОСОБИНИ: Во нормални услови азотот е во гасна агрегатна состојба. Тој е без мирис, не е отровен, но е задушлив. Во нормални технолошки услови се однесува како инертен гас. Преминува во течна состојба на -195°C и 1.013 бари. - УПОТРЕБА: Како инертен гас во металургијата, хемиската индустрија, прехранбената индустрија и во земјоделството; За транспорт на агресивни материи; За регулирање на калоричната вредност на горивните гасови; За синтезни смеши во хемиската индустрија; Во течна агрегатна состојба за брзо ладење во индустријата, при производство на храна, во медицината и ветерината, во научнотехничките истражувања. - УПОТРЕБА НА ГАСОТ: Употребата на азотот под притисок како и употребата на течниот азот подлежи на посебни прописи и мерки за заштита. - МАТЕРИЈАЛИ: За гасниот азот можат да се употребуваат поголемиот број вообичаени материјали. За течниот азот се препорачуваат аустенитни челици, легури на бакар и алуминиум, тефлон итн.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Месер Вардар Техногас

    • Опис на компанијата:Контакт: 02/2581 380; 075261262. MESSER е име на германска компанија кое повеќе од 100 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши. Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како фирма ќерка на Messer Group. Во моментов располагаме со погон за производство на јаглероден диоксид лоциран во Меџитлија- Битола, и полнилници за кислород, за јаглродендиоксид, за азот, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје. Покрај останатата палета на производи и опрема за гасови со која располагаме, произведуваме и сув мраз. Месер Вардар Техногас има продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
    • Име на контакт лице:Даниела
    • Адреса:Istocna industriska zona bb
    • Поштенски број:1040
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 204 873
    • Телефон #:070211696
    • Факс #:02/2581383
    • Година на регистрација:1996
    • Број на вработени:40
    • Локација на мапа:Прикажи



    070211696

    корисничка поддршка