Електронско архивирање (Е-архива)
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Концептот на електронското архивирање, Е-Архива, претставува интегриран систем кој овозможува лесен и брз пристап до вашата електронска документација и до скенираната физичка документација. Со тоа добивате можност за навремено информирање и брзо носење на деловни одлуки. Нашиот систем овозможува електронско чување на документи од различен тип и формат (скенирани документи, електронски датотеки, електронска пошта, звучни записи, фотографии, работни процеси и сл.) Пристапот до Е-Архивата е овозможен преку Интернет пребарувач, така што не е потребна инсталација на софтвер на вашиот персонален компјутер. Пребарувањето на документите се врши за само неколку секунди од било кој компјутер. Концепт Е-Архива е софтверска алатка, базирана на професионално дизајнирана база на податоци – архива, која е сместена на бизнис сервери и дозволува комплетна флексибилност во дефинирање на пристапот до документите. На многу едноставен начин може да одредите кој дел од вашата организација ќе има пристап до одредени документи.Документите се заштитени од неовластен пристап, менување или печатење. Корисникот, во зависност од своите привилегии за пристап може да прегледа, копира, испраќа или да печати документ. Е-Архивата на ИНБОХ е развиена во согласност со законските прописи за канцелариско и архивско работење. На тој начин, самиот софтвер води евиденција за категоријата и функционалната важност на секој документ посебно, со што се овозможува едноставна селекција и отстранување на документите на кои им е поминат рокот за чување, а со тоа и намалување на трошокот за архивирање. Сите информации се чуваат на 2 различни локации раздалечени најмалку 100 км.
Категорија:Други бизнис услуги
Продавач:Инбох
профил на компанијата
Инбох
- Опис на компанијата:Инбох е компанија за физичко и електронско архивирање на деловна и техничка документација. Вистински професњионалец во својата област кој претставува синоним за заштита на ИНТЕГРИТЕТОТ НА ДОКУМЕНТОТ според неговата законска и функционална важност. Од моментот на превземање на документот, траснпортот, администрирањето, употребата, па сѐ до неговото уништување, е гарантиран интегритетот на документот.
- Име на контакт лице:Драгица Додевска
- Адреса:Ул. 32 бр.9 Индустриска зона Илинден
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 2580 100
- Година на регистрација:2011
- Локација на мапа:Прикажи