Физичко архивирање
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Услугата физичко архивирање подразбира ефикасно и безбедно складирање на вашата физичка документација. Нашето архивско депо е организирано според највисоките светски стандарди за безбедност со 2 нивоа на заштита: aрхивско депо за документарен материјал и сефовско, терморегулирано депо за документи од трајна вредност, медицински материјали и медиумски носачи на информации. Вашата комплетна документација се складира во петослојни архивски кутии и секој регистратор (папка) е индивидуално спакуван во пластична анти-статична фолија со што се овозможува заштита од влага, светлина, прав, инсекти и надворешни влијанија. Архивскиот простор како и целокупната документација во него се осигурани во реномирана сигурителна компанија. Организирање, Сортирање, Индексирање По преземање на документацијата, содржината на кутијата се попишува и индексира според функционалната категорија/ под-категорија, организациска класа и време на создавање, софтверски се мапира и обележува со бар код, со што значајно се олеснува пребарувањето на кутиите и овозможува едноставно следење на секој ваш документ преку ВЕБ архивскиот софтвер. ВЕБ пристап до документацијата Во секој момент имате комплетен преглед на складираната документацијата во нашето депо. Преку нашиот веб пристап ќе можете во било кој момент да ја пребарате вашата архива и да побарате физичка или електронска достава на вашата документација. Преземање и достава Преземањето на документација се врши со специјализирани возила од вашите простории. При преземањето имплементиравме систем на 3 контролни точки со што во секој момент имаме увид каде се наоѓа документацијата. Нашите возила се опремени со GPS уреди и нивното движење постојано се надгледува. Доставата на документација е организирана во посебен сервис – ИНБОХ ЕКСПРЕС и работи 7 дена во неделата. Инбох Експрес обезбедува достава на скенирана копија во рок од 15 минути, физичка експрес достава во рок од 60 минути или стандардна достава со најава во рок од 24 часа.
Категорија:Други бизнис услуги
Продавач:Инбох
профил на компанијата
Инбох
- Опис на компанијата:Инбох е компанија за физичко и електронско архивирање на деловна и техничка документација. Вистински професњионалец во својата област кој претставува синоним за заштита на ИНТЕГРИТЕТОТ НА ДОКУМЕНТОТ според неговата законска и функционална важност. Од моментот на превземање на документот, траснпортот, администрирањето, употребата, па сѐ до неговото уништување, е гарантиран интегритетот на документот.
- Име на контакт лице:Драгица Додевска
- Адреса:Ул. 32 бр.9 Индустриска зона Илинден
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 2580 100
- Година на регистрација:2011
- Локација на мапа:Прикажи