00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Грил заштитни мрежи


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ГРИЛ решетка-мрежа е атрактивен модел на мрежа каде наместо полна профилирана челична жица се користат челични профилирани цевки. Челичните цевки се прави и нивната широчина е колку што изнесува широчината на целата решетка. Таа е со иста функција и намена како останатите мрежи, но изгледот ја прави помасивна и повпечатлива. ГРИЛ решетките се изработени од челични, прави цевки со пречник Ø14mm и дебелина на стенката од 1,25mm. Правите цевки електростатски се бојат, а потоа меѓусебно се спојуваат со специјални спојнички. Сите останати елементи од решетката електростатски се боjат во согласност со нијансата на решетката. Заклучувањето е со тристепена брава, со можност за вкрадување електричен погон со далечинско управување.. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Златна рака-М
  • профил на компанијата

    Златна рака-М

    • Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
    • Име на контакт лице:Влатко
    • Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:072248853
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
    • Факс #:00 389 (0) 2722443
    • Година на регистрација:1970
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460096

    корисничка поддршка