Цевести Заштитни Мрежи
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:ЦЕВЕСТА мрежа е атрактивен модел на мрежа каде наместо полна челична жица се користат челични профилирани цевки. Таа е со иста функција и намена како останатите мрежи, но изгледот ја прави помасивна и повпечатлива. ЦЕВЕСТИТЕ мрежи-решетки се изработени од челични, профилирани цевки со пречник Ø14mm. и дебелина на стенката од 1,25mm. Профилираните цевки електростатски се бојат, а потоа меѓусебно се спојуваат со поцинкувани спојнички. Сите останати елементи од решетката електростатски се бојат во согласност со нијансата на решетката. Заклучувањето е со тристепена брава. Со вградување електромотор и автоматика, се овозможува автоматско отоварање-затворање на мрежата со едноставно притискање на копче, на далечински управувач, или пак со мобилен телефон, без при тоа да се потроши ниту еден импулс. Тоа се постигнува со вградување додатен електронски склоп (програмабилен микропроцесор) кој содржи ГСМ картичка која овозможува управување на заштитната решетка со мобилен телефон. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Категорија:Други производи за безбедност и заштита
Достапност:Контакт
Продавач:Златна рака-М
профил на компанијата
Златна рака-М
- Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
- Име на контакт лице:Влатко
- Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:072248853
- Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
- Факс #:00 389 (0) 2722443
- Година на регистрација:1970
- Локација на мапа:Прикажи