00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Стаклена волна како топлински изолатор


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Стаклената волна спаѓа во група на минерални волни, поради своето суровинско потекло – се произведува од стаклениот чакал и песок, односно од кварц и варовник. Овие суровини се топат на високи температури и на таков начин се добива смеса која што наликува на вулканска лава. Оваа смеса се со помош на центрифугални тркала трансформира во фини долги влакна. Со дополнителна обработка на овие влакна се добива финален производ – ролни на стаклена волна која што се користи за топлинска изолација на објектите. Стаклената волна е на лош глас поради поранешната стара технологија на добивање на овој изолациски материјал. Поранешната технологија на производството и на пакувањето на овој производ се главните виновници за лошата репутација на стаклената волна. Овој производ беше пакуван во посебни хартиени вреќи, влакната беа недоволно обработени, остри и дебели и ваква стаклена волна ја иритираше кожата и слузницата. Но денес технологијата на производство на овој производ е поинаква и стаклената волна се враќа на пазарот на изолациските материјали. Стаклената волна се меша со камената волна, па така за камена волна се вели дека е стаклена и обратно. Но постои голема разлика помеѓу овие два изолатори. Основната разлика е во суровината која што се користи за изработка на овие производи. За стаклената волна се користи како што рековме кварц и вар, додека за да ја добиеме камената волна мораме да ги користиме камените минерали: доломит, базалт, диабаз со додаток на кокс. Исто така, влакната на стаклената волна се подолги и поеластични за разлика од влакната на камената волна. Кои се карактеристиките на стаклената волна како изолациски материјал? Пред се тоа е олеснето ракување, складирање и транспорт на овој материјал. Од друга страна овој материјал е компактен, има одличен коефициент на топлинска спроводливост, еластичност, хидрофобност, не гори, лесно се поставува на различни конструкции и инсталации со што се оневозможува создавање на топлотни и звучни мостови. Стаклената волна може да се искористи како изолација на коси кровови, мансарди, подови и тавани, па се до топлинска изолација на внатрешна или надворешна страна на ѕидовите. Коефициентот на топлинската спроводливост на стаклената волна се движи од 0,032 до 0,044 W/mK (кај стиропорот овој коефициент изнесува околу 0,040 W/mK). Како што веќе спомнавме, овој изолатор е несогорлив – класа A1. Она што е уште поважно, овој изолатор доколку дојди до пожар во објектот го спречува неговото ширење. Максимална работна температура изнесува околу 230°C. Густината на стаклената волна се движи од 11 до 45 kg/m3. Што се однесува до влијанието на стаклената волна кон човечкото здравје, Меѓународната организација за истражување на канцер или IARC (The International Agency for Research on Cancer) ги објави резултатите на истражувањето во 2002 година. Оваа истражување покажа дека само керамичките влакна кој што се користат како изолација во високи печки спаѓаат во група 2B поточно се сомнева дека можат да бидат канцерогени. Од друга страна производите кој што се класифицираат како минерална волна (стаклена волна, камена волна…) не се канцерогени.
  • company profile

    Alfa import

    • Company introduction:Алфа Импорт е формирана 1990 година и континуирано брзо се развива како приватно поседувана фирма, од професионалци со истакнато искуство и знаење и јасна визија да воспостават нови стандарди во продажно-дистрибутивното деловно работење во областа на градежништвото.Нашата фирмаALFA IMPORT со седиште во Скопје успешно и квалитетно работи веќе 25 години на македонскиот пазар како независна фирма со приватен капитал во областа на градежништвотои градежните материјали.Полето на делување на Алфа Импорт опфаќа дистрибуција на сите стоваришта во Македонија.
    • Contact Person Name:Katerina
    • Address:Источна Индустриска зона б.б., Маџари
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:+38975435075
    • Telephone #:023064404
    • Fax #:023064404
    • Geo Location:Show



    023064404

    shopping assistance