Опис на компанијата:http://www.zonel.com.mk/
Зонел Софтвер е софтверска компанија која постои од 1994 година. Нашите решенија ги користат преку 1550 клиенти од најразличен профил – трговија, услуги, производство, книговодство, угостителство, маркетинг, државни институции, банки и други финансиски институции.
Наша специјалност се програми за сметководствено, материјално и комерцијално работење со изобилство од менаџерски ориентирани извештаи за продажба. Нашите софтверски решенија се применливи во секој вид на компанија или индустрија.
Нашата мисија е да ги реализираме потребите на нашите Корисници и да испорачаме решенија кои ги интегрираат тие потреби во нашите софтверски решенија. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.
Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија.
Нашите решенија опфаќаат:
Финансово работење – се’ што е поврзано со сметководството; пресметка на плати; автоматско книжење на влез, излез, плати, благајничко работење; основни средства, камати; автоматско составување завршни пресметки, бруто биланс, заклучни листови, ДДВ Аконтативна пријава…
Материјално работење – целосна евиденција на залихи, продажба и промет, влез и излез на роба, магацини, продавници. Сите потребни извештаи за менаџментот.
Програм за каси – работење во продавница/ресторан, влез и излез на роба, анализа на промет; може да работи засебно или со автоматска поврзаност со материјалното работење и финансовото работење. За ресторан – работа со маси, раздолжување по нормативи…
Ресторанско работење со Android Tablet уреди.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје