00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Гоџи бобинки (Goji Berry) - садници и откуп


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Гоџи е жбунесто дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Во тие мали, но моќни плодови се крие тајната на долговечноста на луѓето од Тибет, од каде што потекнува. Го нарекуваат „волчја бобинка“, „среќна бобинка“, „црвен дијамант“, „лициј“ (Lycium barbarum). На Хималаите, со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Расте 1,5 до 2 m во височина и до 2 m во пречник. Цвета од шестиот до осмиот месец, а плодовите сукцесивно созреваат од деветиот до десетиот месец во годината. Плодовите се големи од 1 до 2 cm и се јадат свежи или сушени. Од гоџи се прават сокови, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите. На почетокот од овој век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето. Американските стручњаци го сметаат за овошје на векот! Во светот не постои толку силен додаток во исхраната против стареењето! Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale -Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), гоџи е супериорно прв! Да појасниме дека, колку што е позицијата повисока на ORAC скалата, толку повеќе храната има способност да ги уништува слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Биоплант
  • профил на компанијата

    Биоплант

    • Опис на компанијата:БИОПЛАНТ го има единствениот расадник за гоџи во Македонија, во кој се произведува сертифициран саден материјал, под контрола на стручни лица од Факултетот за земјоделство и храна - Скопје. БИОПЛАНТ е увозник и дистрибутер на саден материјал од дрвото пауловнија, што по пат на микроразмножување го произведува бугарската фирма Bio Tree. Освен саден материјал oд овие две растенија, БИОПЛАНТ го нуди она што на секој производител му е најважно – загарантиран откуп на целото производство на гоџи и на пауловнијa, и секако - навремена исплата. Кооперантите на БИОПЛАНТ бесплатно ја добиваат технологијата на производство, а за совети и бесплатни консултации на располагање е стручниот тим на БИОПЛАНТ. БИОПЛАНТ е подружница на фирмата АНИМА ДООЕЛ Скопје (www.anima.com.mk), која е формирана 2001 година.
    • Име на контакт лице:Биоплант
    • Адреса:Ул. 1520 бр. 6 (индустриска зона Пинтија)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:078357038, 078357039
    • Телефон #:022783783
    • Локација на мапа:Прикажи



    022783783

    корисничка поддршка