00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Забавете го стареењето (Anti-aging terapy) со хипербарични кислородни третмани


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Многу луѓе користат вештачки методи за подобрување на изгледот на нивната кожа, како што се кремови против брчки, масти, козметика, апчиња и пластична хирургија. Но, нешто далеку побезбедно, поедноставно, поприродно и покорисно е Хипербаричен кислороден третман (HBOT). Тоа е метода преку која вашето тело се сатурира со многу повеќе кислород што претставува најефективен елемент против стареењето, нега на кожата и борбата против брчките.
    Длабоките брчки, опуштената и збрчкана кожа се видливите знаци на стареење. Правиме се што е во наша моќ за да ги сокриеме овие несовршености колку што е можно подолго со шминка и хидратантни креми. Но, хипербаричниот кислород не ги крие овие знаци на стареење туку ја обновува и подмладува кожата, ги успорува и брише знаците на стареење, го регенерира поткожното ткиво и и дава сјај на кожата. Со хипербаричниот кислорорд не само што ќе изгледате помлади и повитални туку и ќе се чуствувате така.
    Оштетувањето на клетките на кожата, стареењето, брчките, намалената концентрација на колаген - сето ова може да се подобри кога ќе се подобри циркулацијата во најпериферните области на вашето тело. Хипербаричната оксигенација е најефикасната метода за подобрување на циркулацијата и зголемувањето на концентрацијата на кислород во крвта.
    Загадениот воздух што го дишеме не ветува дека секоја клетка добива доволно количество на кислород за нормална функција. Всушност, повеќето од нас, поради една или друга причина, не го добиваме потребниот минимум за нормална функција на нашиот организам. Кислородот не само што ги храни клетките туку и ги исфрла непотребните материи,токсини и слободни радикали.
    Површината на кожата и ткивото кое структурно ја поддржува кожата, зависат од постојаното снабдување со хранливи материи, особено со кислород. Кога клетките не добиваат доволно кислород, нивната функција се намалува и започнуваат да умираат.
    Дишење 100% кислород под притисок предизвикува дифузија- растварање на кислородот во крваната плазма. Вака збогатената крвна плазма со кислород е во состојба да ги надмине настанатите ограничувања, распространувајќи се 3 пати подалеку и подлабоко во ткивото. Обезбедувањето на телото со најмалку 15-20 пати поголема количина на кислород од нормалната помага да се обноват оштетените клетки. Ова е причината зошто HBOT интензивно го намалува појавувањето на брчки во кожата.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Хипербаричен центар - ХБ02Т

    • Опис на компанијата:Прв приватен центар за ХБО2Т. Што е хипербаричен кислороден третман?  Неинвазивен, безболен и безбеден третман со кој ефективно се зголемува концентрацијата на кислород во крвта и сите органи.  Се изведува со вдишување на 100% кислород при зголемен притисок минимум 60 минути (притисок поголем од атмосферскиот).  Хипербарните кислородни третмани во многу земји имаат широка употреба во козметички и медицински цели. Нивната ефикасност е потврдена со голем број на научни студии. ПРИМЕНА НА ХИПЕРБАРИЧНА КОМОРА •Хипербаричните кислородни третмани се користат за различни намени: Кондиционирање на нуркачи; спортисти; eфикасно надминување на заморот; подобрување на физичка и ментална кондиција; и др. • Примена во козметички цели: Високо ефективна нега на кожата за добивање младешки сјај и еластичност; намалување и на најдлабоките брчки;прочистување и детоксикација на организмот; забавено стареење; убав сон и утро со насмевка;  www.hbo2t.mk
    • Име на контакт лице:Лилјана Дамјаноска
    • Адреса:бул.Јане Сандански 7/1 лок.3
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:0038970234177
    • Телефон #:00389(0)2 2460029
    • Факс #:00389(0)2 2462065
    • Година на регистрација:2012
    • Локација на мапа:Прикажи



    022460029

    корисничка поддршка