Ехо на тироидна жлезда
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Ехо на тироидна жлезда како дијагностичка метода се користи во дијагностицирање на промени на тироидното жлездено ткиво најчесто при постоење на струма (гуша) и постоење на чворови (јазли). Покрај овие состојби наоѓа примена и при утврдување на промени при зголемена функција на жлездата или нејзино намалување. Заедно со лабораториските иследувања на тироидните хормони овозможува комплетна дијагностика и терапија кај речиси сите патолошки состојби.
Препораки за испитување на тироидна жлезда се даваат кај пациенти кои имаат забрзана работа на срцето, зголемено потење, зголемена килажа, кај лица каде во фамилијата имало или има болни со хипо или хипертиреоза.
Пациенти со дијагностицирани состојби (хипо или хипертиреоза) треба да имаат рутински контроли на секои 4, 6 или 12 месеци, зависно од состојбата.
Препораки за испитување на тироидна жлезда се даваат кај пациенти кои имаат забрзана работа на срцето, зголемено потење, зголемена килажа, кај лица каде во фамилијата имало или има болни со хипо или хипертиреоза.
Пациенти со дијагностицирани состојби (хипо или хипертиреоза) треба да имаат рутински контроли на секои 4, 6 или 12 месеци, зависно од состојбата.
Категорија:Медицински услуги
Достапност:Контакт
Продавач:Манолеви
профил на компанијата
Манолеви
- Опис на компанијата:ПЗУ Поликлиника Манолеви е основана 1993 година од д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева, регистрирана како ЗО Манолеви – ординација по општа медицина и педијатрија. Во суштина на работењето на организацијата во првата декада е педијатриската дејност, општата медицина (матичната служба) и домашната посета кои претставувани преку нејзините носители д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева стануваат синоним за висока стручност во областа на дијагностиката и третманот кај детската популација и геријатрија. Фамилијарната посветеност на висока стручност и вербата во лекарската доктрина, а се со единствена цел – да се внесе светската медицина и стручност во рамките на Манолеви, остануваат главни имепративи во работењето на Манолеви, претставувано преку нејзините наследници д-р Елена Манолева-Николовска и д-р Александар Манолев. Во изминатата декада Манолеви ја проширија својата дејност со биохемиска лабораториска пракса и специјалистичка ординација по интерна медицина, кои заедно со надополнетата услуга во домашната пракса (ехо-дијагностика, лабораториски услуги, дијагностика и третман на сите ургентни заболувања), претставуваат комплетна лекарска здравствена заштита на секое семејство.
- Име на контакт лице:Александар
- Адреса:Радишанска 25А/1 лок.123
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:071 244914
- Телефон #:02 2670680
- Факс #:02 2610610
- Локација на мапа:Прикажи