00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Доплер на вени

Доплер на вени

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Доплер на вени претставува една од најбитните неивазивни дијагностички методи која може да утврди постоење на венска тромбоза на нозете и проширување на вените на нозете. И покрај тоа што многу малку е употребувана, нејзините индикации се доста чести имајќи во предвид дека бројот на пациенти со венска инсуфициенција (проширени вени) е многу чест. Ако се земе предвид фактот дека поголемиот број на белодробни емболии кои не се дијагностицирани и третирани потекнуваат од тромби во нозете, јасна е улогата на оваа ритинска метода во рано откривање на венска тромбоза и нејзини правилно лекување.
    Се препорачува за пациенти кои имаат видливо проширени вени на нозете, отекување на подколениците, бремени жени во втората половина од бременоста, лица кои се на хемотерапија и лица после оперативни зафати каде постои ризик од развивање на венска тромбоза.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Манолеви
  • профил на компанијата

    Манолеви

    • Опис на компанијата:ПЗУ Поликлиника Манолеви е основана 1993 година од д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева, регистрирана како ЗО Манолеви – ординација по општа медицина и педијатрија. Во суштина на работењето на организацијата во првата декада е педијатриската дејност, општата медицина (матичната служба) и домашната посета кои претставувани преку нејзините носители д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева стануваат синоним за висока стручност во областа на дијагностиката и третманот кај детската популација и геријатрија. Фамилијарната посветеност на висока стручност и вербата во лекарската доктрина, а се со единствена цел – да се внесе светската медицина и стручност во рамките на Манолеви, остануваат главни имепративи во работењето на Манолеви, претставувано преку нејзините наследници д-р Елена Манолева-Николовска и д-р Александар Манолев. Во изминатата декада Манолеви ја проширија својата дејност со биохемиска лабораториска пракса и специјалистичка ординација по интерна медицина, кои заедно со надополнетата услуга во домашната пракса (ехо-дијагностика, лабораториски услуги, дијагностика и третман на сите ургентни заболувања), претставуваат комплетна лекарска здравствена заштита на секое семејство.
    • Име на контакт лице:Александар
    • Адреса:Радишанска 25А/1 лок.123
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:071 244914
    • Телефон #:02 2670680
    • Факс #:02 2610610
    • Локација на мапа:Прикажи



    022670680

    корисничка поддршка