Доплер на бубрези
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Ехо на бубрези е преглед кој влегува во склоп на ехо прегледот на целиот абдомен. Рутинска дијагностичка метода за откривање на причината во ургентни состојби, најчесто испровоцирани поради постоење на камења во бубрезите и уринарните канали, откривање на причини за застојни промени, откривање на цисти, тумори во бубрегот и сл.
Доплерот на Бубрежните крвни садови е високоспецифична метода која се надоврзува на основниот ехо преглед на бубрезите. Има високо специфична дијагностичка вредност во одредување на протокот во бубрезите и артериите кои ги снабдуваат бубрезите со крв.
Се користи во диференцирање на причините за постоење на висок крвен притисок, посебно кај помлади лица, во пратење на крвотокот кај долгогодишни лица болни од дијабетес(шеќерна болест), пациенти со хронично заболени бубрези кои се спремаат за дијализа и пациенти со трансплантирани бубрези.

Категорија:Медицински услуги
Достапност:Контакт
Продавач:Манолеви
профил на компанијата
Манолеви
- Опис на компанијата:ПЗУ Поликлиника Манолеви е основана 1993 година од д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева, регистрирана како ЗО Манолеви – ординација по општа медицина и педијатрија. Во суштина на работењето на организацијата во првата декада е педијатриската дејност, општата медицина (матичната служба) и домашната посета кои претставувани преку нејзините носители д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева стануваат синоним за висока стручност во областа на дијагностиката и третманот кај детската популација и геријатрија. Фамилијарната посветеност на висока стручност и вербата во лекарската доктрина, а се со единствена цел – да се внесе светската медицина и стручност во рамките на Манолеви, остануваат главни имепративи во работењето на Манолеви, претставувано преку нејзините наследници д-р Елена Манолева-Николовска и д-р Александар Манолев. Во изминатата декада Манолеви ја проширија својата дејност со биохемиска лабораториска пракса и специјалистичка ординација по интерна медицина, кои заедно со надополнетата услуга во домашната пракса (ехо-дијагностика, лабораториски услуги, дијагностика и третман на сите ургентни заболувања), претставуваат комплетна лекарска здравствена заштита на секое семејство.
- Име на контакт лице:Александар
- Адреса:Радишанска 25А/1 лок.123
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:071 244914
- Телефон #:02 2670680
- Факс #:02 2610610
- Локација на мапа:Прикажи