00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Паметна ракавица - дигитална рехабилитација


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Паметната ракавица е уред за активна дигитална рехабилитација при што со помош на повторувачки движења се поттикнува процес на невропластичност кај пациентите со невролошки и мускулоскелетни нарушувања . Функцијата на мозокот се преструктуира, односно здравите делови на мозокот ја преземаат функцијата на оштетените со формирање на нови синапси помеѓу нервните клетки. Од неодамна е потврдено дека за да се креира нова синапса во мозокот потребни се голем број на повторувања на едно исто движење што често знае да делува здодевно и демотивирачки, како за пациентот така и за терапевтот.
    За разлика од конвенционалните методи, паметната ракавица нуди еден поинаков, модерен и интерактивен пристап, при што пациентите преку забавни игри се фокусираат на извршување на зададената задача и на тој начин ги подобруваат когнитивните/моторните функции.
    Уредот дава и детални извештаи за AROM/PROM, сите поединечни движења (на прсти/подлактица/зглоб) како и графикони за состојба/напредок на истите со тек на време.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Медитек
  • профил на компанијата

    Медитек

    • Опис на компанијата:Медитек е млада компанија чија филозофија се базира на идејата за постојан чекор со најсовремените технолошки трендови и иновативни решенија во областа на медицината, како и постојан фокус на потребите на нашите клиенти. Наш стремеж е максимална експедитивност и одговор на вашите барања, оддржување, надградба и сервис на имплементираната опрема. Располагаме со широка палета на производи од светски реномирани брендови. Со континуираниот раст на нашата компанија постојано се збогатува и проширува и нашата палета на производи. Работиме со интегритет, посветеност и одговорност се со цел да ја оправдаме вашата лојалност и доверба.
    • Име на контакт лице:Глигор
    • Адреса:Лондонска 10 лам.3 лок.4
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:075214400
    • Телефон #:026133025
    • Локација на мапа:Прикажи



    026133025

    корисничка поддршка