00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Облека и постелнина за медицина и хирургија


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Производство на лекарска облека и постелнини (креветски чаршафи, навлака за ќебиња и јастуци со различни димензии).
    Производство на облека за медицински персонал - хирургија.
    Униформа за медицински персонал.
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    АД Алкалоид Берово

    • Опис на компанијата:АД Алкалоид Берово е компанија која се занимава со производство на текстилни производи од 100% памук, како што се памучни ткаенини и санитетски материјали, а исто така има и сопствени финални производи за широка потрошувачка. Произведуваме: • Санитетски материјали како што се хидрофилна газа, стерилна газа и калико завој • Памучни ткаенини во различни бои (сирови, бели или обоени) и различни тежини (од 35 гр/ м2 до 260 гр/м2) • Тетра бебешки пелени во различни бои и големини (бела, штампана или обоена) • Медицинска облека и болнички постелнина • ХТЗ облека од бел или темноплав кепер Компанијата е основана во 1961 година како средно претпријатие, а во 1990 година е регистрирана како акционерско друштво со целосен технолошки процес. Денес, АД Алкалоид Берово има вработено повеќе од 100 лица и има годишен приход од над 2 милиони евра. Тоа е единствената македонска компанија која произведува хидрофилна газа, стерилна газа и калико завои во согласност со меѓународните стандарди за овој вид на материјали. Компанијата има развиено свој процес за производство на ткаенини од различен тип и тежина изработени од 100% памучно предиво. Прво, произведените ткаенини се белат и се бојат, а потоа се конфекционираат. Кога ќе завршат процесите на производство, имаме финални продукти, кои потоа се продаваат како на домашниот така и на странските пазари. Како извозно ориентирана компанија ние продаваме повеќе од 80% од нашите производи на пазарот во земјите од ЕУ.
    • Име на контакт лице:Благојчо Јовевски
    • Адреса:Маршал Тито 5
    • Град:Берово , Македонија
    • Мобилен #:072 210448
    • Телефон #:033 471504
    • Факс #:033 471250
    • Локација на мапа:Прикажи



    033471504

    корисничка поддршка